Здружението на пензионери бренд во пензионерското организирање во државата
Здружението на пензионери Куманово денеска слави 70 години постоење и успешна работа.
По тој повод во Младинскиот културен центар се одржа Свечена кадемија на која присуствуваа голем број на пензионери и гости.
„Празникот го дочекуваме со извонредни резултати што ги постигна Здружението на пензионери во изминатите 7 децении. Тоа е активен период во кој здружението во своите остварени проекти, постигања и реализација на програмите успеја да се издигне на висок пијадестал меѓу здруженијата во државата. Голем е бројот на проекти со кои се гордееме, сите тие претставуваат една целина и од таму Здруженито на пензионерите е бренд во пензионерското организирање во Република Македонија, - вели Спирко Николовски, претседател на ЗПК.
Пензионерите посебно се горди на проектите од здравстено-хуманитарна заштита, организирање на културно-уметничките активности, забавниот дел, спортски активности.
Пензионерското здружение празникот го дочекува со 13.400 членови организирани во 34 месни пензионерски ограноци на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане.