Здружението на пензионери слави 70 години постоење
13.09.2016 13:21
| KumanovoNews
По повод 70 години постоење и успешна работа, Здружението на пензионери Куманово, утре ќе одржи Свечена академија.

Големиот јубилеј ќе го прослави во Младинскиот културен центар, со почеток во 10 часот.
На свеченоста е предвидено обраќање на претседателот на здружението и на претседателот на Сојузот на пензионери, како и гости. Предвидена е и културно-уметничка програма со на стап на КУД „Ѓоко Симоновски“.