×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зелени појаси за борба против загадувањето

    18.02.2016 11:45 | KumanovoNews

    Советничката од СДСМ, Снежана Захариева на вчерашната 48 седница на Советот на општина Куманово, праша дали се планираат нови зелени појаси во градот, со цел почиста животна средина.

    Зелени појаси за борба против загадувањето

    Таа објасни дека во ваква состојба кога не се мери загаденоста на воздухот во Куманово, повеќе зеленило би значело и подобро здравје за граѓаните и почиста средина.

    Може ли да ги подобриме зелените површини, во делот пред станбените комплекси во изградба, со озеленување, дрвца, трева? - праша советничката.

    На ова градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека иако мерната станица во градот не работи, сепак мобилните мониторинзи покажале дека Куманово не е загадено.

    Куманово не спаѓа во тие загадени градови и кога ќе дојдат луѓе од Скопје велат „Тука се дише“. Направивме една динамика. Еднонасочниот сообраќај  колку толку даде резултати - кажа градоначалникот.

    Тој рече дека ќе се потрудат да ги зголемат зелените површини во градот.