×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените на СДСМ за 8-ми март во Домот за стари лица

    08.03.2016 15:14 | KumanovoNews

    Жените од Социјалдемократскиот сојуз денеска го посетиа Домот за стари лица „Зафир Сајто“, за да им го честита празникот на жените сместени во домот.



    Жените на СДСМ за 8-ми март во Домот за стари лица

    Веруваме дека нашите мајки, нашите сограѓанки кои поминале многу во животот во борбата за женските права најмногу им е потребно внимание на вакви денови. Затоа сме тука да го одбележиме празникот, но и да се бориме за подобар статус, за подобар живот, за еднаков третман во општеството на жената, не само еден ден во годината. Нашата борба продолжува, секојдневно вложуваме напори во нашите семејства и домот,  на работните места и кариерата, во образованието во политичкиот живот,  конечно жената да го добие заслуженото место во нашето општество“, -. изјави Атина Мургашанска, претседателка на Форум на жени на СДСМ

    Штитеничките на домот за стари лица денеска ги посетија и припадничките на Ротари клуб Куманово кој традиционално организира хуманитарни активности и учениците од Кочо Рацин.