×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените од СДСМ однесоа подароци во „Порака наша“

    02.12.2015 12:12 | KumanovoNews

    Претставнички на Форумот на жени на СДСМ Куманово денеска ги посетија корисниците на „Порака наша“, каде однесоа торта и подароци.

    Жените од СДСМ однесоа подароци во „Порака наша“

    Посетата е по повод 3 декември-Светскиот ден на лицата со хендикеп и 16 дена женски активизам.

    Денеска  за нас е посебен ден. Дојдовме да им врачиме некои скромни подароци, но најмногу од сè  сакаме понатаму да имаат подобри услови за работа, подобар живот, да се повеќе прифатени од средината, свеста на граѓаните да биде поголема. Сите заедно да направиме едно подобро утре за нив, секако и за нас - рече Лидија Михајловска, член на Форумот на жени на СДСМ.

    Од „Порака наша“ се заблагодарија за посетата и рекоа дека оваа недела имаат повеќе активности за лицата со посебни потреби.

    Овие посети многу им значат. Тие сакаат да се дружат, тие се толку мили што секоја насмевка од некој што ќе дојде во центарот многу им значи - кажа Емилија Цветковска, секретар во „Порака наша“.

    „Порака наша“ брои 21 корисник, а во петок посета е најавена од Здружението на пензионери Куманово.