×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен интензитетот на сообраќајот на автопатот

    26.08.2016 08:26 | KumanovoNews

    Зголемен е интензитетот на сообраќај надвор од градските средини.

    Зголемен интензитетот на сообраќајот на автопатот

     Поради туристите кои се враќаат од Грција поголема фрекфенција на возила има на автопатот од југ кон север, на наплатните станици и на граничните премини Богородица и Табановце каде се чека околу 20 минути за влез и излез од државата.

    Поголем прилив на возила се очекува во попладневните часови. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

    Поради рехабилитација на автопатот на делницата Куманово-Миладиновци е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена на сообраќајот кој се одвива само по десната лента, додека левата е затворена за сообраќај. Работи има и меѓу Куманово и наплатната станица Романовце каде се поставува електронскиот систем за наплата.

     Се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.