×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѕидови за звучна изолација на пругата во „Перо Чичо“

    12.04.2016 08:30 | KumanovoNews

     На железничката пруга Куманово-Бељаковце, во населбата „Перо Чичо“,  ЈП „Македонски железници“ ќе постави ѕидови, заради звучна изолација и безбедност на граѓаните кои живеат во тој дел на градот.

    Ѕидови за звучна изолација на пругата во „Перо Чичо“

     Со тоа ќе се реши деценсикиот проблем, да се спречи создавањето на дива депонија на просторот под пругата.

    „Десет метри од работ на пругата припаѓа на ЈП „Македонски железници„ и затоа со чистењето не навлегуваме на таа површина.Знаеме дека проктот е одобрен, земен е кредит од Европската банка и изведувачот отпочна со работата. Зошто во моментот застана не знаеме, меѓутоа се надевам дека со поставувањето звучната изолација на овој дел од градот ќе се стави точка на оваа дива депонија“- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    По пругата Куманово-Бељаковце-Република Бугарија ќе се движат брзи возови, поради што е неопходно поставување на ѕидови со звучна изолација, кои ќе ја редуцираат бучавата.