Жители на Табановце краделе храна и облека од бегалски камп
Неколку жители од пограничното село Табановце се сомничат дека извршиле кражба во Транзитниот центар Табановце, откако во нивните домови е пронајдена поголема количина производи за лична хигиена, храна и облека наменета за мигрантите.

Полицијата извршила претрес во домовите на Н.М (39) Д.П (37) и Д.П (41) сите од с.Табановце, откако пред два дена при редовна контрола во реонот на Прифатно-транзитен центар Табановце во месноста викана Трски и Чифлук, забележале патничко моторно возило марка „Хјундаи Гетз“ како се движи во правец од железничка станица кон влезот на Чифлук. Во возилото имало поголема количина на роба, а кога се обиделе да го запрат возачот со голема брзина побегнал во правец кон Табановце.
По преземените мерки и активности возилото и возачот се пронајдени и утврдено е дека се работи за 39-годишниот Н.М. Во возилото е пронајдена поголема количина на разновидна роба наменета за широка потрошувачка: 3 пара хеланки, 5 пара долен дел пижами, 23 јакни, 4 торби уницеф, 4 шала, 23 капи, 30 кебиња, 4 пара пижами, 14 плазма кекс, 32 плазма чоко, 41 пудра за деца Лотос, 40 пудри за нозе, 54 креми за раце, 34 средства за дезинфекција на уста, 43 шампони за коса, 14 пасти за заби, 10 четки за заби, 12 пени за бричење, 9 влажни марамици, 8 пара чевли, 5 пара гумени чизми, 5 кабаници за дожд, 3 вреќи за спиење, 1 шатор, 1 подметач, 5 чаршафи, 7 крпи, 20 пара маици, 8 пара гаќи, 19 пара комплет маици и гаќи, 12 пара ракавици и 120 пара чорапи.
Врз основа на добиен оперативен податок дека пронајдените предмети потекнуваат од кривично дело кражба сторена во Транзитен центар Табановце, издадени се наредби од Основен суд Куманово за претрес на дом и други простории.
При тоа се пронајдени: 99 вреќи, 40 шатори, 5 инвалидски колички, 20 колички за деца, 11 термо кебиња , 44 УНХЦР кебиња , 11 јакни, 30 пара детски ракавици, 65 детски капи, 5 машки чевли, 2 детски патики, 19 машки зимски кондури, 2 детски кондури, една женски патики, 6 пластични влечки , 2 пара детски чизми, 5 пара патики, 1 ранец, 1 елек за спасување, 400 пакувања влажни марамици, 60 пак. женски влошки, 50 пак. памперс, 50ком. пластични чаши, 2 пара машки чизми, 62 пара чорапи, 5 тренерки , 2 фармерки, 4 пижами, 3 душеци, 1 маица, 1 шорц, 30 спреј за комарци автан, 65 најлон за дожд, 24 марамици, 75 конзерви сардина адријус, 17 конзерви говедски, 8 боранија, 259 пасти за заби, 164 сапуни, 37 паштети конзерва, 100 пилешки паштети сини, 7 торби, 113 капи, 48 шалови, 58 ракавици, 2 комлет (шал,капа,ракавици), 148 бисквити.
Пронајдената роба е одземена и предадена во Транзитниот центар Табановце – Црвен крст.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.