Жителите на Романовце го блокираа патот низ селото
06.09.2016 14:30
| KumanovoNews
Жителите на селото Романовце денеска го блокараа главниот пат низ селото, со барање локалната власт да постави лежечки полицајци на коловозот.

Причина за ваквата одлука се зачестените сообраќајни незгоди во кои се повредени нивни соселани, поради зголемената фрекфенција на сообраќај.
„За да го избегнат плаќањето на патарината се повеќе возачи поминуваат во нашето село и возат доста брзо. Досега имаше 5-6 сообраќајни незгоди, а возачите остануваат неказнети, - велат жителите.
Тие најавуваат дека протестот ќе трае секој ден додека не се исполнат нивните барања.
(фото архива)