Ветераните ќе го пошумуваат Младо Нагоричане Членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани Куманово, во ноември ќе организираат акција за пошумување на селото Младо Нагоричане.
Објавен повик за користење средства од ИПАРД Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави 10 - от по ред повик за користење на средства од ИПАРД фондовите.
Концерт на Дуо Кировски Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на Дуо Кировски.
Вонредно учат за медицински сестри за да заминат во странство Дваесетина кумановки, вонредно учат за медицински сестри во средното училиште “Наце Буѓони“ за да заминат на работат во странство.
Обуки за невработените од Старо Нагоричане Во просториите на општина Старо Нагоричане во четврток ќе се одржи обука за невработените лица, корисници на социјална помош.
Незаконски ископувал песок во Клечовце Работник со багер незаконски ископувал песок од речното корито на Пчиња во село Клечовце.
Прегазена жена на автопатот кај Искра Марија Н.(34) од Куманово синоќа загинала во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово- Табановце, под надвозникот на улицата „11 Октомври“ на излезот од градот.
Во Кумановскиот суд одбележан Европскиот ден на граѓанската правда Во Основен суд Куманово денеска беше одбележан Европскиот ден на граѓанска правда.
Од понеделник вакцинација против сезонски грип Во Центарот за јавно здравје Куманово од понеделник стартува вакцинација против сезонски грип.
Судир на интереси кај двајца советници Државната комисија за спречување корупција излезе со јавни опомени за двајца советници од Советот на општина Куманово, поради судир на интереси и извршување на две функции истовремено.
Бугарски армиски ветерани ќе положат цвеќе во Страцин Армиски и полициски ветерани од бугарските градови Ќустендил и Дупница утре ќе положат цвеќе на гробовите на загинатите бугарски војници во Втората светска војна во село Страцин.
Се одржа акцијата “Здравје за сите“ Медицинска екипа од Здравствен дом Куманово денеска на на граѓаните им мереше притисок и шеќер во крвта, платото пред на Центарот за култура.
Промоција на книгата за Тодор Александров Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва во 20 часот ќе биде промовирана книга за Тодор Александров од авторот Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив на Република Македонија.
Киселото млеко на “Бучен Козјак“ најквалитетно во Македонија Кумановската млекарница “Бучен Козјак“ е најквалитетен производител на кисело млеко во државата, покажале резултатите од маркетиншкото истражување на Медалот за квалитет спроведено од швајцарската организација за сертификација ICERTIAS.
Меморијална вечер за “Виолета Деур“ Здружението на жени “Нада Михајлова“ и литературениот клуб “Обденица“ организира меморијална вечер за нивната некогашна членка “Виолета Деур“.
Во Шупли Камен најдена стара граната Артилериска граната, која најверојатно потекнува од Втората Светска Војна, вчера е најдена во нива во селото Шупли Камен.