Куманово и Бања Лука во силна пријателска врска Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и секретарот на Општината Валентина Алексовска, присуствуваа на одбележување на Денот на Бања Лука.
ГРОМ ветува намалување на казните за прекршоци Од Граѓанската опција за Македонија ветуваат намалување на казните за прекршоци и спречување на корупција.
Возел во спротивна насока па нападнал полицаец Возач физички нападнал полицаец затоа што го сопрел да не вози во спротивна насока.
Николиќ: Ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат Кандидатите за пратеници од СДСМ, денеска се сретнаа со пазарџиите на Зелениот пазар на кои им порачаа дека промени се неопходни за да Македонија се врати на вистинскиот пат.
Груевски од кумановци побара поддршка за двојна победа Премиерот Никола Груевски на синоќешниот митинг во Куманово побара од граѓаните поддршка за двоја победа во недела.
Министерот Спасов најави мерки за помош на сиромашните Министерот за труд и социјална политика и кандидат за пратеник, Диме Спасов денеска ја посети населба Средорек и најави повеќе мерки за помош на социјално загрозените граѓани.
Велигденска прослава во „Христијан Карпош“ Во основното училиште “Христијан Карпош“ денеска имаше заедничка прослава на Велигден за деца од повеќе националности.
Жените од ЛДП однесоа подароци на децата со посебни потреби Од Форумот на жени на Либерално демократска партија Куманово денеска однесоа подароци и велигденски јајца на децата со посебни потреби во Дневниот центар кај Чик.
Пендаровски: Во прашање е државата, мора да се мобилизираме СДСМ синоќа оддржа митинг на Градскиот плоштад во Куманово од каде ги повикаа гласачите да се мобилизираат во недела и да им ја дадат поддршката за победа на ненародната власт на ВМРО - ДПМНЕ.
Се изли Крива Река во Довезенце Се изли Крива Река во село Довезенце каде се поплавени неколку куќи, викендички и ниви.
Избор на “Најбезбедно и најчисто училиште“ Основните и средни училишта во државата до 10 мај можат да аплицираат на конкурсот на Министерството за образование за избор на “Најбезбедно и најчисто училиште“.
Златара Фиоре слави 19-ти роденден Една од најреномираните златарници во градот Фиоре денеска слави 19 години постоење и успешна работа.
Честитка за Велигден од градоначалникот Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, упати велигденска честитка до сите христијани што го слават големиот празник Велигден
Воскресение Христово- Велигден Велигден, или празникот на Христовото воскресение е најголемиот христијански празник. Тоа е празник на победатата над смртта.
Николиќ и Јанкуловска си посакаа среќа на изборите Кандидатите за пратеници во втората изборна единица на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Јанкуловска и Љубиша Николиќ, денеска си посакаа среќа на престојните парламентарни избори.