Ликовна колонија во ОУ “Вук Караџиќ“ По повод празникот на градот, утре во ОУ “Вук Караџиќ“ од 9 до 11 часот ќе се оддржи ликовна колонија.
“Киро Бурназ“ со награда за славски колач во Алексинац Учениците од СОУ “Киро Бурназ“ минатата недела освоија второ место на натпревар во Алексинац, Србија за подготовка на славски колачи.
Дванаесета седница на Совет Редoвна седница утре ќе одржи Советот на Општина Куманово. На дневен ред се 8 точки, главно од сферата на урбанизмот.
Центарот за култура ќе го прослави раѓањето на Трајко Прокопиев Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе одбележи 104 години од раѓањето на патронот.
Во Кумановскиот катастар воведен скен-центар Во Агенцијата за катастра и недвижности Куманово од денеска функционира електронски скен -центар, преку кој сите документи кои ќе ги поднесуваат граѓаните ќе бидат скенирани и обработувани по електорнски пат.
Мал број предлози за Ноемвриската награда Само 7 предлози за доделување на Ноемвриска награда пристигнале годинава до општинската комисија.
Го удрил со шише по глава откако се скарале И.Д.(30) од Куманово го претепал И.Б.(27) во кафе барот “Клуб“ откако се скарале.
70 згради склучиле договори со надворешни управители Станарите од 70 згради во Куманово склучиле договори со надворешни управители кои ќе се грижат за оддржување на зградите и плаќање на фактурите, бидејќи не регистрирале заедница на сопственици.
Рецитал на пијано и кларинет Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе се оддржи “Рецитал“ со Елена Атанасовска Ивановска на пијано и Ристо Ѓорѓевски на кларинет.
Обука за проекти за промоција на хумани вредности Во просториите на Црвен Крст утре од 10 до 14 часот ќе се оддржи предавање за проекти за промоција на хумани вредности.
Кокино догодина ќе се огради и означи со табли Министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска, при денешната посета на Кокино најави дека мегалитската опсерваторија до идната година ќе се означи со табли и ќе се огради, бидејќи ќе се стави на листата на приоритети, со цел да се развие културниот туризам во регионот и Македонија.
Пчиња порибена со пастрмка Со 30 килограми пастрмка вчера беше порибена река Пчиња, информираат од Спортско риболовно друштво “Пчиња“.
Земал кредити со лажен потпис заложувајќи оранжериски хали Д.П.(45) од Куманово, претседател на УО на ЗИК Оранжерии, ја злоупотребил службената положба и земал 5 кредити за кои како гаранција за враќање ги заложил оранжериските халите.
СДСМ: Безначајно е заминувањето на мал број луѓе од партијата По пласирањето на информацијата дека членови на СДСМ ќе заминат во ново формираната партија на Владо Бучковски, портпаролот Сашо Тодоровски тврди дека нивниот број е незначителен.
Насилници без причина претепале момче Осумина насилници од Куманово на почетокот на октомври годинава претепале малолетник.
СДСМ и “Чистота“ ќе чистат во месна заедница Тоде Мендол Членови на СДСМ и вработени во ЈП “Чистота и зеленило“ утре во 12 часот ќе чистат во месната заедница Тоде Мендол.