Населбата „Јане Сандански„ без вода Се работи за дефект на водоводната мрежа која набрзо ќе биде санирана од екипите на ЈП “Водовод“.
Невреме ги уништи насадите во Кумановско и Липковско Од синоќешните врнежи со град уништени се насади со бостан, пипер, патлиџани, лозја, пченка, тутун и житарици во повеќе села во регионот. Жителите велат дека 80 одсто од родот повеќе го нема во нивите.
Невработени кумановци завршија електро обука Десет граѓани од Куманово вчера во техничкото училиште “Наце Буѓони“ добија уверенија за четиримесечната обука која ја завршија.
Скопјанец е приведен на Табановце На граничниот премин Табановце синоќа во 18:30 минути со меѓународен воз 337 допатувал Јакупи С.(23) и при пасошка контрола е утврдено дека е во оперативна евиденција “Стоп листа“ и се бара со Телеграма од 18.04.2012 за одлежување казна затвор од две години.
Кумановските пензионери бараат бесплатен превоз Од Здружението на пензионери Куманово велат дека преговараат со општината за да им се обезбеди бесплатен превоз, но начинот и условите не се прецизирани. Нивна заложба е пензионерите со пониски примања да можат да користат слободен јавен превоз.
Полицајци и родители шетаа по кафулиња Почна проектот со кој се предвидува родители и полицајци да одат во обиколка на ноќните клубови со што ќе се намалат девијантните појави кај младите и ќе се сузбијат пороците.
Рането дете од Слупчане Ш.И (12) од липковското село Слупчане синоќа околу 23 часот е погоден од проектил од огнено оружје во грбот додека седел во дворот.
Куманово има одлични можности за бизнис Градот и околината имаат 120.000 жители , а голем број туристи попат го посетуваат Куманово што создава клима за бизнис кој ќе привлече милион луѓе.
Нема судска разврска за базенот кај “Куба“ Базенот кај хотел “Куба“ со години пропаѓа поради нерасчистени имотно-правен односи. Тој е целосно уништен и руиниран, но засега никој не може да стопанисува со него.
Тринаесет луѓе посетуваат обука за пилоти Во Аеро клуб “Доне Божинов“ тринаесет млади луѓе следат обука за воздухопловство. Од клубот се задоволни од одзивот, а нови канидати во меѓувреме се пријавуваат.
Куманово е втор град во државата по зелени површини Градот има три големи паркови, зелениот појас кај Спомен Костурница и многу цветни садници. Во последнава година нови зелени површини има на влезот и излезот од градот, на Градскиот Кеј и на Плоштадот.
Се отвара изложбата “Фото фокус 2012“ Изложба на фотографии се отвара вечерва во Куманово во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
КУД “Карпош“ и “Лукавица“ ќе оддржат концерт Културно уметничкото друштво “Карпош“ заедно со играорците од “Лукавица“ од Босна и Херцеговина утре ќе настапат пред кумановската публика. Ова е нивна втора средба, а кумановци за првпат се домаќини.
Во тешка сообраќајка повредени сопружници од Младо Нагоричане М.Т.(26) и Д.Т.(24) од Младо Нагоричане синоќа се повредени во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Привршува пријавувањето за обука кај познат работодавач До 17 јули во Центрите за вработување можат да се пријават невработените за обука кај познат работодавач.
Куманово во портокалова фаза Десет градови во Македонија, меѓу кои и Куманово се влезени во портокалова фаза и за наредните два дена се препорачува трудниците и постарите од 60 години да не излегуваат на сонце. Се очекуваат температури до 41 Целзиусов степен.