Без струја делови од градот и неколку села Поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија денеска без струја ќе бидат потрошувачите на делови од градот и неколку села.
„Денови на прозата“ во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, наредните два дена /четврток и петок/ ќе се одржи Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“. На фестивалот ќе учествуваат автори од Македонија, Србија, Словенија и Бугарија.
Потпишан е договор за реконструкција на кровот на „Крсте“ и „Браќа“, работите треба да завршат за 10 месеци Наскоро ќе започне реконструкцијата на кровот на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ во Куманово, откако е избрана фирма која ќе го реализира проектот. Градежните работи треба да завршат за 10 месеци, но се очекува дека тоа ќе се случи и побрзо.
Тридневна работилници за изработка на накит од кристали организира Кумановскиот музеј Национална Установа Музеј Куманово во рамките на активностите по повод Меѓународниот ден на музеите организира тридневна работилница на тема „Оживување на занаетот меѓу младите преку изработка на накит од кристали - Дар од природата“.
Работилница „Наследството на Св. Кирил и Методиј“ во Куманово Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи работилница „Наследството на Св. Кирил и Методиј“ во организација на Фондацијата за култура и спорт на Куманово.
Со мотокултиватор удрил во жена на „Нагорички сокак“ Триесет и седумгодишна жена е повредена, откако во неа удрил мотокултуватор на улицата "Иво Лола Рибар" во Куманово.
Среда неработен ден за сите граѓани Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 мај е неработен ден за сите граѓани.
Повисоки цени на горивата Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
За викенд казнети 142 возачи - 28 возеле во алкохолизирана состојба Полициски службеници од СВР Куманово викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
Заврши колонијата „Сликарски конак Грација 2023“ во Куманово Дваесетина дела се изработени на втората меѓународна колонија „Сликарски конак Грација 2023“, која се одржа минатата недела во Куманово.
Објектите на "Аџитепе" станаа општинска сопственост, се чека одговор за пистата Пред два месеци Општина Куманово ги добила во владение објектите на спортскиот аеродром Аџитепе, а поднесено е барање и за аеродромската писта, по што општината ќе може целосно да менаџира со овој значаен спортски инфраструктурен објект.
Марија Миљуш - Божурска новa директорка на Кумановскиот музеј Марија Миљуш - Божурска е нова директорка на НУ Музеј Куманово.
Без струја повеќе кумановски села Поради планирани прекини во дистрибутивниот систем денеска без електрична енергија ќе останат повеќе кумановски села.
Голема посетеност на презентацијата на армиските воздухоплови, возила и опрема на „Аџитепе“ Голем број на граѓани од Куманово и околните градови, денеска имаа можност одблиску да видат дел од воздухопловите, возилата и опремата кои ќе бидат дел од вежбата „Брз одговор 23“.
Во Куманово се одржа втората изложба на мини модели на автомобили По успехот од минатата година, овојпат, во фоаjето на Центарот за култура синоќа се одржа втората изложба на минијатурни модели на автомобили која ја организираше клубот „Die-Cast“ од Куманово.
Хеликоптери и воена опрема на војските на Македонија и САД можат да се видат на аеродромот Аџитепе На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово денеска од 11 до 14 часот, граѓаните ќе имаат можност да видат дел од од воздухопловите, воените возила и опремата на војските на Македонија и на САД, кои се користат на меѓународната воена вежба „Брз одговор 23“.