Над 410 илјади евра исплатила Општина Куманово на приватни агенции за привремени вработувања, објави Левица Општина Куманово исплатила 410 илјади евра на приватни агенции за привремени вработувања во последните три години. Агенциска провизија била во висина од 7,03% од бруто средствата за секој вработен, секој месец од времетраењето на договорот за вработување.
Третиот Mеѓународен фолклорен фестивал ќе се одржи од 19 до 22 јули во Куманово При крај се подготовките за третиот Меѓународен фолклорен фестивал Куманово, кој ќе се оддржи од 19 до 22 јули на платото пред Центарот за култура во Куманово.
Далибор Китановиќ одликуван со златен медал од претседателот Александар Вучиќ Претседателот на КУД „Српски вез“ Далибор Китановиќ од Куманово, одликуван e со златен медал за посебни заслуги во културата од претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод празникот Видовден.
Уште 9 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.261 тестирања.
За 7,4 проценти ќе поскапи струјата, соопшти Регулаторната комисија Цената на струјата од први јули ќе поскапи во просек за 7,4 проценти, соопшти претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски на денешната прес-конференција. Како што кажа Бислимоски, ова зголемување од 7,4 проценти ќе биде за 98,8 проценти од домаќинствата во земјава.
Змии шетаат по запуштените јавни површини нa „Октомвриска“ Змија долга повеќе од еден метар синојка ги исплаши станарите од зградата бр. 21 на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. Околу 19.30 часот додека група деца се играле во дворот, од една од грмушките излегла змијата и се сокрила под автомобилите. Испаничените деца ги повикале родителите, кои се организирале да ја најдат.
Приведен кумановец поради кражба во луна парк Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 18.45 часот привеле 27 - годишен кумановец, кој се сомничи дека на 01 јуни годинава во луна парк на булеварот „Октомвриска Револуција“ извршил кражба и одзел личен предмет од едно лице.
Кумановската болница наскоро ќе добие мамограф, најави министерот за здравство Сали Општата болница во Куманово за 4 месеци ќе добие мамограф, најави министерот за здравство Беким Сали при денешната посета.
Благо расте бројот на позитивни на ковид, утре седница на Комисијата за заразни болести Комисијата за заразни болести утре ќе одржи седница на кој ќе ја разгледа актуелната состојба со ковид-19. Министерот за здравство Беким Сали вели дека состанокот се свикува по пауза од два месецa, со цел да се направи анализа на севкупната состојба поради порастот на заболени од коронавирус.
Министерот Сали на крводарителска акција во Куманово Политичката партија Алтренатива, огранок Куманово, заедно со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија денеска организираше крводарителска акција, на која присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали. Тој се заблагодари на организаторите и на крводарителите, нагласувајќи дека крводарителствотото ја подига свеста кај граѓаните за општествената одговорност и потребата да се помогне во тешки моменти.
Во тек е етапната исплата на јунските пензии Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска (вторник) започнува етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Без струја неколку локации во Куманово Денеска и утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите на неколку локации во Куманово.
Извинување и повлекување на изјава на Дејвид Стоилковски (Повод: Интервју со Дејвид Стоилковки:„Графити фест“ е светла точка во сивото Куманово, објавено на 13.06.2022 година)
Новата цена на струјата ќе се знае во среда Регулаторната комисија денеска ги објави четирите тарифни блока според кои ќе се пресметува колку ќе плаќаат домаќинствата за потрошена струја.
Поевтинуваат бензините и дизелот Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за еден денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Приведен кумановец, физички ја нападнал сопругата Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска во 2.45 часот го лишиле од слобода И.П.(41) од кумановско село, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.