Без струја денеска и утре повеќе селски населби Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во повеќе населени места.
Продолжи судењето против Максим Димитриевски, сослушан е сведок вработен во Општина Куманово (видео) Со сослушување на секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски, денеска во Основниот суд Куманово, продолжи судењето против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, обвинет од Основното јавно обвнителство (ОЈО) Куманово за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени.
Доколку не се повлече одлуката ќе ја оспориме на суд, кажа Мургашанска (видео) Не сакаме да бидеме соучесници во незаконито постапување и да дадеме легитимитет на грубо кршење на законските и подзаконските акти, на процедурата според која се носат одлуките на Советот на Општина Куманово, кажа на денешната прес конференција Атина Мургашанска, од советничката група на СДСМ, по вчерашното напуштање на седницата.
Фестивал на планински филм „Ехо“ во Центарот за култура во Куманово Фестивалот на планински филм „Ехо“ ќе гостува утревечер во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Советниците на коалицијата на СДСМ ја напуштија седницата, велат не сакаат да носат незаконска одлука Советниците на коалицијата на СДСМ вчера ја напуштија седницата на Совет на Општина Куманово, затоа што не сакаа да учествуваат во носењето на одлуката за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово.
Куманово одвои 400.000 денари помош за семејствата на настраданите во несреќата во збратимениот Нови Сад Парична помош во висина од 400.000 денари или околу 6.500 евра, одвои Општина Куманово за семејствата за настраданите во несреќата во збратимениот град Нови Сад, Република Србија.
Приведени тројца кумановци осомничени за кражба на сепарација Тројца кумановци се приведени, под сомнение дека извршиле кражба на сепарација во близина на Куманово.
Верификуван мандатот на новиот советник Дејан Јовановски од ВМРО - ДПМНЕ На Дејан Јовановски од ВМРО- ДПМНЕ денеска му беше верификуван мандатот на советник, по што даде и свечената заклетва во Советот.
Горивата поскапуваат од полноќ Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Гасификација на Куманово остана празно предизборно ветување на Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од Левица Од заедничкото владеење на Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите три години во Куманово, граѓаните видоа само празни ветувања и проекти кои ги дадоа пред изборите, велат од партијата левица Куманово.
Пријавените да доѓаат на термините за мамографија или навреме да ги откажат за да не пропаѓаат, велат од Кумановската болница Од десет жени кои во петокот имале закажан термин за бесплатна мамографија во рамки на скрининг програмата на Министерството на здравство се јавила само една во Кабинетот за дојка, во Општа болница Куманово.
Седница на Совет - 26 точки на дневен ред Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, на која се предложени 26 точки на дневен ред.
Пронајдено оружје и муниција во куќа на жител на Романовце Полициски службеници од СВР Куманово привеле 30-годишен жител на Романовце, затоа што му пронашле оружје и муниција.
Поетска вечер по повод 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ во Занаетчискиот дом во Куманово Поетската вечер „85 години од издавањето на Бели Мугри од Кочо Рацин“ ќе се одржи во вечерва /понеделник/ со почеток во 18 часот во Занаетчискиот дом во Куманово.
Без струја денеска и утре повеќе села во кумановско Поради планирани прекини, денеска и утре, без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе населени места во Куманово.
Петмина кумановци во новиот Централен одбор на СДСМ Александар Арсиќ, Мартин Костовски, Николина Симоновска, Весна Трајковска и Лидија Тасевска се членови на новиот Централен одбор, кој брои 113 членови, а денеска беше избран на 30. конгрес на СДСМ.