Казнети 205 граѓани од Североистокот за неносење маска Во текот на изминатото деноноќие на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 205 лица не ја почитувалe Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, соопштува МВР.
Голема наградна игра и изненадувања во оптика „Стил“ Познатиот специјализиран салон за очила - oптика „Стил“, кој се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“, организира голема наградна игра и изненадувања за своите потрошувачи, заради промоција на новата колекција и по повод престојнатата летна сезона.
Изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“ во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев “ – Куманово, утре со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“.
Куманово денеска со најмногу починати од ковид-19, битката ја изгубија пациенти на 53, 61 и 82 години Во последните 24 часа починаа тројца пациенти од Куманово од вкупно 17 во државата. Регистрирани се и 7 новозаболени и 252 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Приведен кумановец за издржување на затворска казна од 12 години Полициски службеници од СВР Куманово, денеска во 13.30 часот по добиена судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода Р.Р.(44) од Куманово.
Санкционирани 77 возачи за брзо возење на автопат Велес – Скопје - Куманово Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје - Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи.
Сопругата на претседателот на државата го посети инфективното одделение во болницата во Куманово Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, денеска го посети Одделот за инфективни болести при Општата болница во Куманово.
Еден починат, 17 новозаболени и 65 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19, направени се 2.093 тестирања. По градови во: Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево - по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува и системот добро функционира, кажа Додевска Процесот на масовна имунизација против корона вирусот се одвива со добра динамика и темпото на вакцинација и во Куманово и во државата расте од ден во ден, системот функционира без големи потешкотии, кажа Марина Додевска од СДСМ.
Денот на сестринството одбележан во училиштето „Наце Буѓони“ Учениците од здравствената струка во техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, денеска со повеќе активности го одбележаа 12 Мај - Ден на сестринството.
Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани - до крајот на годината ќе има четири споени викенди Утре, 13 мај, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани, соопштува Министерството за труд и социјална политика.
Кумановец осомничен за убиство во обид Дваесетгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.
Во Куманово еден починат, 16 новозаболени и 37 оздравени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 171 нов случај на ковид-19, а направени се 2.357 тестирања.
Од утре полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро, одлучи Владата Од среда полицискиот час ќе започнува на полноќ а ќе трае до 4 часот наредниот ден, терасите на кафеаните ќе работат до 23.30 часот, а со работа ќе почнат и фитнес центрите, одлучи Владата на денешната седница.
Распишан конкурс за учество на изложбата „Самоуки 2021“ Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, објави конкурс за пријавување на дела за учество на традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2021“.
Во Куманово вчера се вакцинирале рекордни 1400 граѓани Во текот на вчерашниот ден во регионалниот пункт во Куманово се вакцинирале 1401 граѓанин од општините од Североисточниот регион. Од почетокот на масовната вакцинација до сега вакцинирани се вкупно 6505 граѓани.