На локалитетот Градиште во Младо Нагоричане имало развиена аристократија уште во 4-3 век п.н.е. На локалитетот Градиште во Младо Нагоричане откриени се значајни наоди со најновите археолошки ископувања, кои упатуваат на негова целосна интегрираност во цивилизациските текови на Медитеранот, поврзани со силниот цивилизациски импулс предизвикан од освојувањата на Александар Македонски и неговите наследници.
СДСМ организира трибина „Најдоброто за нашата општина“ Општинската организација на СДСМ Куманово, утре во 20 часот на паркингот пред Затворениот базен организира трибина на тема „Најдоброто за нашата општина“.
СТАВ: ВЕТЕНО (НЕ)СТОРЕНО Во моментот додека го пишувам, а вие го читате оваа „четиво“ ми иде на мисла, а претпоставувам и вам драги читатели, дека едноставно во ова денешно летаргично доба, сè се случува некако без особен интерес. Преовладува една права линија и ниска вибрација во меморијата кај секој од нас, пуштен мозок на паша и безидејност во начинот на размислување и функционирање.
Прогласени првенците на генерација во училиштата во Куманово и Старо Нагоричане Регионалното здружение на просветни работници денеска ги прогласи најдобрите ученици на генерацијата 2020/21 година во основните и средни училишта во општините Куманово и Старо Нагоричане. Признанието го доби 31 ученик, 24 од основното образование и 7 од средните училишта.
Од утре започнува исплатата на јунските пензии Oд утре започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Ќе се реконструира Железничката станица во Куманово Јавното претпријатие за железничка инфраструктура со поддршка на Општина Куманово ќе ја реконструира Железничката станица во Куманово. Во развојната програма на локалната самоуправа за оваа година предвидени се средства за таа намена.
За 6 часа казнети 63 возачи - возеле под дејство на алкохол Вчера во периодот од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Куманово спроведена е контрола во сообраќајот, при што е констатирано дека 63 возачи управувале возило под дејство на алкохол.
Нема новозаболени и починати, само оздравени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравеј во Куманово, нема регистрирани новозаболени и починати лица од ковид-19. Четворица пациенти се оздравени, а активни се 24 случаи.
Пуштено во употреба реконструираното игралиште кај „Соколана“ Заврши првата фаза од реконструкцијата на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово.
Исчезнат 60-годишен кумановец Шеесетгодишен кумановец , со иницијали И.З. исчезнал пред два дена и се уште не е пронајден.
Во Куманово нема нови случаи на ковид, активни уште 28 лица Во последните 24 часа направени се 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Тетово – 2 и Струмица - 1.
Во Куманово 4-ца оздравени, нема новозаболени од ковид-19 Во последните 24 часа се направени 3.239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје и Кичево – по 3, Битола, Штип и Дебар – по 1.
Дваесет сертифицирани негувателки ќе се грижат за старите лица од Крива Паланка Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска им ги додели сертификатите на 20 негувателки, кои ќе се грижат за старите и изнемоштени лица во Крива Паланка. Тие ќе бидат ангажирани преку проектот „Одговорни институции-среќни граѓани“, што го реализираат Општина Крива Паланка и Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка, со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика, во висина од 11.034.000 денари, обезбедени преку грант од Светска Банка, во рамки на глобалниот проект„Подобрување на социјалните услуги“.
На Табановце приведен Албанец со фалсификувани патни исправи На Граничниот премин Табановце, вчера, во 17.35 часот, при пасошка контрола на C.M.(32) од Албанија, било утврдено дека фотографијата во патната исправа којa ja приложил не се совпаѓа, односно дека станува збор за друго лице.
Во Центарот за јавно здравје ќе се прават и брзи тестови за ковид-19 Од идната недела во Центарот за јавно здравје Куманово ќе се прават и брзи антигенски тестови за ковид-19, како нова услуга за граѓаните кои патуваат во странство.
Приведени напаѓачите на двајца кумановци во Струга Полициски службеници од ОВР Струга, на 23.06.2021 г., ги лишиле од слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај нив со повреди биле донесени Б.Х .(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово.