Пожар во куќа на улицата „Драган Шутевски“ Пожар оштети дел од куќа на улицата Драган Шутевски, во населбата Тоде Мендол во Куманово.
Нови пет случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 2.955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19.
Владата го продолжи рокот за аплицирање за субвенции на земјоделците, кажа Арсиќ Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поднесоа барање до Владата на РСМ за продолжување на рокот. На седницата одржана пред неколку дена Владата го прифати барањето, кажа Саша Арсиќ, советник во Советот на Општина Куманово, на денешната прес-конференција.
Од први јуни да не се носат маски на отворено и да се дозволат свадби до 100 гости, предлага Комисијата за заразни болести Од први јуни, маски не мора да се носат на отворено, препорача денеска Комисијата за заразни болести. Останува на сила полицискиот час, но се олабавуваат другите мерки односно се дозволува правење свадби и веселби, а во рестораните и кафулињата на една маса можат да седат до 6 лица.
Поројниот дожд поплави повеќе улици во градот Поројниот дожд проследен со грмежи, кој вчера го зафати Куманово, поплави повеќе улици во градот.
Александар Јовановиќ нов раководител на Секторот за образование во Општина Куманово Александар Јовановиќ, дипломиран професор по физичко воспитување, е нов раководител на Секторот на образование во Општина Куманово.
Кумановец дома криел 45 мигранти По претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, денеска полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Д.(53) од Куманово, при што биле пронајдени 45 лица – мигранти од разни држави од Блискиот исток.
По Скопје, Куманово со најмногу активни случаи од ковид-19 Во Куманово има 231 заболен од коронавирус, што е највисока бројка во градовите во внатрешноста. Повеќе од нас има само Скопје со 1000 активни случаи. Потоа следува Битола со 171 и Прилеп со 101 случај, соопштува Министерството за здравство.
Веро и Џамбо првите закупци во “ЛА ПЛАЗА КУМАНОВО МОЛ“ „Ла Плаза Куманово“ е првиот современ повеќенаменски комплекс во Куманово. Долгогодишното интернационално искуство и експертиза што инвеститорот ЛИКО ПРOEKT го пренесе на домашниот пазар резултираше со проект кој предвидува домување во 180 станбени единици, надополнето со деловен малопродажнен простор на две затворени и едно отворено ниво.
МОН апелира да се исплаќаат прекувремените часови на наставниците Министерството за образование и наука апелира до општините и училиштата да го почитуваат законот и да ги исплаќаат надоместоците за прекувремена работа на наставниците.
Наставниците најавуваат штрајк ако не ги добијат надоместоците за премувремена работа Наставниците од ОУ „Магдалена Антова“ најавиле дека ќе штрајкуваат доколку не им се исплатат парите за прекувремена работа.
Изложба на фотографии „Мајски салон 2021“ во Куманово Во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска во 12 часот ќе биде отворена клупската изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2021“.
Денеска без струја повеќе села Прекин во напојувањето со електрична енергија денеска ќе имаа потрошувачите на повеќе села во Куманово и Старо Нагоричане.
Еден починат, тројца новозаболени и 18 оздравени од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19.
Раната и континуирана едукација на младите ќе помогне во борбата против трговијата со деца, покажа кампањата на „ЛУЛУДИ“ „Зарeм ова се случува кај нас? Јас мислам дека ова се случува само во филмовите“ е една од изјавите на една ученичка-учесничка на едукативните работилници што ги организираше Ромската асоцијација на жени и млади (РАЖМ) „Лулуди“, во повеќе градови во државата.
МТСП: Во тек е етапната исплата на мајските пензии Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е етапната исплата на мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.