Задружниот дом во село Пчиња ќе биде туристичко-промотивно биро на Бислимска клисура Со проект преку Североисточниот плански регион (СИПР) ќе се реконструира задружниот дом во село Пчиња, кој потоа ќе се користи во туристички цели. Средствата се обезбедени преку проектот „Светлина од минатото“ за прекугранична соработка на Општина Куманово со Општина Дупница во Република Бугарија.
За 15.287 ученици во Куманово заврши учебната година За вкупно 15.287 ученици од основните и средни училишта во Куманово, денеска заврши учебната година. Од нив 10.307 се од основните училишта и 4.980 од средните училишта во Општина Куманово.
Почина 45-годишен кумановец од ковид-19, новозаболени уште 9 пациенти Пациент на 45-годишна возраст починал вчера од компликации на коронавирус во Куманово. Во новата ковид статистика регистрирани се и 9 новозаболени и еден оздравен во Куманово.
Изложба на слики „Самоуки 2021“ во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна манифестација “Самоуки 2021“.
Започна реконструкцијата на кровот на спортската сала во Куманово, вредна 320 илјади евра Започна реконструкцијата на кровната конструкција на спортската сала во Куманово, прва фаза од целосна реконструкција на овој значаен спортски објект во градот. Средствата се обезбедени преку проект на Свероисточниот плански регион (СИПР) во висина од 320 илјади евра.
Јавната администрација ќе добие К-15 Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари.
Од 1 октомври недела ќе биде неработен ден Од 1 октомври недела ќе биде неработен ден, најавија премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална политика и економија Јагода Шахпаска и Крешник Бектеши.
Уште еден починат од коронавирус во Куманово, тројца новозаболени Уште еден починат од коронавирус е регистриран во дневната статистика на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово. Почина пациент е на 71-годишна возраст. Новозаболени се тројца пациенти од Куманово.
МВР: Спасено е лицето кое се обиде да скокне од зграда Со интервенција на преговарачки тим од Специјалната антитерористичка единица при МВР, денеска околу 12 часот, беше спасено лицето кое се обиде да скокне од покрив на зграда на ул.„Филип Втори Македонски“, во близина на трговскиот центар Мавровка, во Скопје.
Вонредна крводарителска акција во Центарот за култура Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре од 9 од 15 часот ќе се одржи вонредна крводарителска акција.
Седум медали за младите истражувачи од Техничкото училиште Две први, четири втори и едно трето место освоија учениците од Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ од Куманово на Државниот натпревар за млади истражувачи во применети природни и технички науки, кој традиционално го организира Народна техника.
Полицискиот час да остане до 15 јуни, предлага Филипче Mинистерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот кризен штаб му предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.
Регистриран еден новозаболен и еден починат од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на ковид-19 од Куманово.
148 илјади евра одземени на македонски државјанин на преминот Прешево Македонски државјанин во саботата останал без 148 илјади евра откако се обидел нелегално да ги пренесе преку граница.
За 6 часа казнети 93 возачи за брзо возење, граѓаните поддржуваат ред во сообраќајот но бараат неселективност На подрачјето на СВР Куманово, вчера во периодот од 14 до 20 часот, казнети се 93 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
СТАВ: Куманово ни село ниту град, нашето вчера, денес и утре Последниве месеци кумановци се сведоци на јавно искажани амбиции на повеќе свои сограѓани, како од владејачката политичка дружина така и од опозицијата, за можни кандидати за позицијата Градоначалник на Општина Куманово, за претстојните локални избори во октомври.