Дел од улицата Ленинова да стане двонасочна, побара советникот Јаќимовиќ Улицата „Ленинова“ која поминува пред поранешен „Вартекс“ наместо еднонасочна да стане двонасочна побара советникот на НСДП, Благојче Јаќимовиќ на вчерашната седница на Совет.
Истечените пасоши ќе важат до крајот на годината, велат од МВР Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.
Без вода потрошувачите на 10 улици во градот Поради интервенции на водоводна мрежа, денеска без вода во одреден период од денот ќе останат потрошувачите на 10 улици во градот.
ВИДЕО: Живот во ќорсокак Седумдесетина семејства во кумановската населба Карпош со години живеат во ќорсокак, бидејќи државата им ја приватизирала улицата и ги оставила без пристап до куќите.
Во Куманово нема новозаболени од ковид-19 Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово втор ден нема новозаболени и починати од коронавирус. Регистрирани се само тројца оздравени.
Советнички прашања утре на седница на Совет Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, во големата сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот. На дневен ред се само три точки.
Кај Табановце откриени 20 мигранти од Бангладеш, 9 малолетници На автопатот Куманово - Табановце, кај место викано „Костурник“, вчера во 8.10 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица.
По уште еден починат и новозаболен од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани е 21 нов случај на ковид-19, а направени се 4.370 тестирања.
Натали Кировска првенец на генерација во основното училиште „Крсте Мисирков“ Деветтоодделенката Натали Кировска е избрана за ученик на генерација во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово.
Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно нa законите, информира МОН Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, објавија од Министерството за образование и наука, откако Сојузот на средношколци испрати известување до Државниот просветен инспекторат, во кое ги информира дека во изминативе неколку денови добиле поплаки од средношколци од повеќе градови низ земјава дека некои средни училишта наплаќаат такси за издавањето свидетелства.
Петтмина новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа направени се 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на ковид-19. По градови во: Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.
Уште еден продолжен викенд: Петок неработен ден за православните верници Наредниот петок 18 јуни, ден пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Мотоциклист удрил во 19-годишно момче, двајцата тешко повредени Две лица се тешко повредени во сообраќајка, која се случила вчера во Скопје.
Во Техничкото училиште слободни 646 места за упис во машинска, електротехничка и здравствена струка Во Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ Куманово, во новата учебната 2021/2022 година, во прва година предвидено е да се запишат вкупно 646 ученици во 19 паралелки, од кои 306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 340 ученици во 10 паралелки со настава на албански јазик.
Уште 5 нови случаи на ковид-19 во Куманово Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на ковид-19. По градови од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.
Приведен дилер од Куманово, пронајдена дрога Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 20 часот го лишиле од слобода Р.Е.(47) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.