Детската претстaва „Приказна за една шума“ во сабота во Центарот за култура Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во сабота ќе се игра претставата „Приказна за една шума“ во режија на Никица Јанковски и Матеј Стојковски.
Владата ја укина обврската за носење маски на отворено и други ограничувања Владата на вчерашната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олеснување рестриктивните мерки за спречување на ширење на ковид-19.
Двајца починати и петмина новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.108 тестирања, информира Министерството за здравство.
Центaрот за јавно здравје отвори лабораторија за ковид тестови Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска започна со работа нова лабораторија, каде ќе се изработуваат тестови за ковид-19.
Акција за собирање на кабаст отпад во Куманово ЈП „Чистота и зеленило“ во соработка со Општина Куманово, наредните две саботи ќе организира акции за собирање на кабаст отпад.
Германска компанија ќе гради ветерници на потегот Куманово- Старо Нагоричане - Крива Паланка Германска компанија доставила документи за стратешка инвестиција за изградба за ветерен парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати.
Уписите во средните училишта почнуваат на 14 јуни, во Куманово има 2.129 места Уписите во средните училишта почнуваат на 14 јуни, најави Министерството за образование и наука (МОН).
Со метален предмет нападнал полицаец Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11.45 часот од слобода го лишиле О.Ц.(46) од с.Љубодраг затоа што со метален предмет нападнал нивен колега кој извршувал службени дејствија.
Во Куманово нема новозаболени од ковид-19 Во последните 24 часа регистрирани се 3 нови случаи на ковид- 1, сите во Скопје, а направени се 1.325 тестирања.
Горивата поскапи за половина денар Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи за се зголемат цените на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % и ќе се продаваат за половина денар поскапо.
Училиштето „Перо Наков“ издаде „Водич за наставниците за учење на социјално претприемништво“ Средното училиште „Перо Наков“ од Куманово издаде прирачник „Водич за наставницити за учење на социјално претприемништво“, во рамките на проектот „Размислувај голбално, делувај локално“. Водичот е заеднички продукт на Хрватска, Италија, Кипар, Турција и Македонија, а составен од пет поединечни сегменти, така што секој од партнерите беше задолжен за определен дел и неговата изработка.
Од утре без маски на отворено, свадби со 100 гости, полицискиот час останува до 15 јуни Главниот координативен кризен штаб на Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година, што значи од утре престанува да важи мерката за носење маски на отворено, на спортските натпревари ќе има публика, а прослави ќе се организираат на отворено со најмногу 100 гости. Полицискиот час останува да важи до 15 јуни.
Во Куманово еден починат, двајца новозаболени и 115 оздравени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.755 тестирања.
Драгица Спасиќ нов в.д. директор на ОУ „Крсте Мисирков“ Драгица Спасиќ е именувана за в.д. директор на ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово, откако поранешниот директор Александар Јовановиќ, е избран за раководител на Секторот на образование во Општина Куманово.
Еден починат и четири нови случаи на ковид -19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 33 нови случаи на ковид-19, направени се 3.777 тестирања. По градови во: Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1.
Казнет 101 возач за брзо возење на територијата на СВР Куманово На подрачјето на СВР Куманово денеска спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.