×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 5 денари ќе поскапи водата за пиење во Куманово до 2023 година

    За 5 денари ќе поскапи водата за пиење во Куманово до 2023 година

    До 2023 година водата за пиење во Куманово ќе поскапи за околу пет денари по кубик. Согласно усвоените тарифи на цените на водните услуги, водата за пиење во Куманово од наредната година ќе изнесува 30,55 денари по кубик, во 2022 ќе изнесува 32,85 денари, а во 2023 година, 34 денари.

    Тротоари и лежечки препреки побараа жителите на Бедиње на денешниот протест

    Тротоари и лежечки препреки побараа жителите на Бедиње на денешниот протест

    Жителите од населбата Бедиње денеска ја блокираа едната коловозна лента на регионалниот пат Куманово- Липково, револтирани од ингорантскиот однос на локалната и државната власт кон инфраструктирните и сообраќајни проблеми, со кои секојдневно се соочуваат, и им ја загрозуваат безбедноста.

    Педесета седница на Советот на Општина Куманово

    Педесета седница на Советот на Општина Куманово

     Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, последна во оваа година. На дневен ред се 62 точки од кои најзаначајна ќе биде донесувањето на буџетот на Општина Куманово за 2021 година. Советниците ќе расправаат и по извештаи за работа на јавните претпријатија и установи, како и за развојни програми за работа.

    Разбиена група што продавала лажни ковид тестови - се претресувале објекти во Куманово

    Разбиена група што продавала лажни ковид тестови - се претресувале објекти во Куманово

    Одделот за криминалистичка полиција и Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во координација со Агенцијата за национална безбедност во текот на вчерашниот ден изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

    „Терма лифт“ и „Зафир“ добитници на престижното признание за македонски квалитет

    „Терма лифт“ и „Зафир“ добитници на престижното признание за македонски квалитет

    Компанијата „Терма лифт“ и слаткарница „Зафир“ од Куманово, добитници се на Престижното признание за македонски квалитет, кое традиционално, секоја година го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски.

    Жителите на Бедиње ќе протестираат поради честите сообраќајки во населбата

    Жителите на Бедиње ќе протестираат поради честите сообраќајки во населбата

    Граѓаните во населбата Бедиње, утре од 12 до 13 часот, ќе го блокираат улицата 11 Ноември, кај бензинската пумпа „Алија Комерц“ на почетокот регионалниот пат Куманово- Липково, револтирани од несовесното однесување на дел од возачите, кои не ги почитуваат собраќајните правила во населено место и ги загрозуваат нивните животи.

    Непрописно паркираните возачи добија опомени, се правдаат дека застанале на кратко

    Непрописно паркираните возачи добија опомени, се правдаат дека застанале на кратко

     Голем број на автомобили се паркирани на недозволено место во градот, а сопствениците се праваат дека застанале на кратко или дека поради метежот во сообраќајот не можат да најдат простор за паркирање.

    Бошковска: Здравствените работници ќе добијат награда од 30 илјади денари

    Бошковска: Здравствените работници ќе добијат награда од 30 илјади денари

     7.600 вработени во здравствените установи кои со месеци се во првите борбени линии и секојдневно помагаат и работатa со зaболените од ковид-19, добиваат еднократна награда во висина од 30.000 денари, - изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.