Мени

Ковид одделенијата преполни со пациенти, слободни само 13 кревети

Ковид одделенијата преполни со пациенти, слободни само 13 кревети

Деведесет пациенти заразени со ковид-19 лежат во модуларната болница и во ковид одделенијата во Општата болница Куманово, од кои 80 се на кислородна поддршка. Дополнително 104 пациенти се лекуваат во дневната болница.

Има кршење на процедурите во системот за спасување во случајот на сточарот од кратовско, ќе се бара одговорност, рече Ангелов

Има кршење на процедурите во системот за спасување во случајот на сточарот од кратовско, ќе се бара одговорност, рече Ангелов

 Утврдени се одредени пропусти и кршење на процедурите во работењето на оперативните служби, при обезбедување на транспорт на премрзнатиот сточар во кратовското село Емирица, кој почина вчера во Штипската болница.

Мургашанска со честитка до здравствените работници: Тоа што вие го правите е херојско дело и подвиг

Мургашанска со честитка до здравствените работници: Тоа што вие го правите е херојско дело и подвиг

 По повод Денот на здравствените работници - 7 Април, претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, денеска ја посети Општата болница Куманово и однесе лична донација на вработените во Инфективното одделение.

Ви оддавам признание за се што сторивте во овие тешки моменти, им порача Димитриевски на здравствените работници

Ви оддавам признание за се што сторивте во овие тешки моменти, им порача Димитриевски на здравствените работници

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска во Општата болница Куманово донираше заштитна опрема за вработените, по повод Денот на здравствените работници- 7 Април.

Угостителите побараа поддршка од пратениците за да ги зачуваат работните места

Угостителите побараа поддршка од пратениците за да ги зачуваат работните места

Членовите на Здружението на угостители „Бисер“ од Куманово денеска се сретнаа со дел од пратениците и претставниците на локалната власт, при што побараа поддршка за надминување на тешката економска состојба во која се наоѓаат веќе една година поради коронакризата.

Почина сточарот од кратовско кого лекарите го носеа на раце низ планината за да го спасат

Почина сточарот од кратовско кого лекарите го носеа на раце низ планината за да го спасат

Почина сточарот од кратовското село Емирица, кој минатата недела на раце беше носен 5 километри низ планината од екипа на Итна медицинска помош во Кратово, затоа што надлежните институции не обебедија возило за негов транспорт. Портпаролот на Штипската болница Марина Шуманска потврди дека лицето на 63-годишна возраст починало како последица на тешки смрзнатини и силно крварење во мозокот, поради што лекарите не можеле да го спасат.

Ќе се испитува зошто инстутициите не помогнаа да се спаси премрзнатиот човек кого лекарите го носеле на раце низ планина

Ќе се испитува зошто инстутициите не помогнаа да се спаси премрзнатиот човек кого лекарите го носеле на раце низ планина

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов формирал комисија која ќе утврди дали имало пропусти во работењето на неговите вработени или во другите надлежни институции, кои минататa недела не пружија помош на премрзнат сточар во кратовското планинско село Емирица, па екипа од Брза помош го изнесе на раце 5 км по козји патеки за да му го спаси животот.