Мени

Советот ќе одржи седница, на дневен ред седум точки

Советот ќе одржи седница, на дневен ред седум точки

Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи педесет и петтата седница. На дневен ред се 7 точки, а ќе се расправа за кварталниот извештај на буџетот, како и префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово.

Вицепремиерот Николовски во посета на Општина Куманово

Вицепремиерот Николовски во посета на Општина Куманово

Заменик на претседателот во Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска ја посети Општина Куманово. На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски, разговарале за транспаретно работење на Општината.

Јане Сандански се криел во тајна соба во најубавата куќа на Грк од Мелник

Јане Сандански се криел во тајна соба во најубавата куќа на Грк од Мелник

Сандански, во својата храбра борба против Османлиите на територијата на Пиринска Македонија, наоѓал засолниште во куќата на грчката фамилија Кордопулос во Мелник од каде и самиот е родум. Денес таа е во приватна сопственост и е претворена во музеј, отворенa за посетителите. Во една од големите простории централно место зазема сликата на Сандански и неговиот цитат „Да живееш значи да се бориш, робот - за слобода, а слободниот - за совршенство“

Димитриевски за 4 години нема реализирано ниеден капитален проект, обвини Божиновски

Димитриевски за 4 години нема реализирано ниеден капитален проект, обвини Божиновски

Безидејност, неработење и континуирано лажење, неспособност во секоја сфера и изневерени очекувања, се заеднички именител за сите градоначалници на СДСМ, а Максим Димитриевски е тотално промашување во раководење со градот, бидејќи за 4 години не успеа да реализира ниту еден капитален проект ветен пред изборите, затоа што голем дел од мандатот го потроши во внатрепартиска битка со останатите функционери на СДСМ од Куманово, обвини на денешната прес-конференција членот на централниот комитет и организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски.

Приведено лице од Куманово по распишана потерница за издржување затворска казна

Приведено лице од Куманово по распишана потерница за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Kуманово, вчера во 20.30 часот врз основа на судска наредба, го привеле Ј.Л.(33) од Куманово за издржување казна затвор за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.