Со годишниот план „Водовод“ планира 54 нови вработувања, приоритет ќе бидат 38 работници во техничката служба Нови 54 вработувања се предвидени во годишниот план за вработување во 2021 година на ЈП „Водовод“ – Куманово.
Се изедначува таксата за приклучокот на гас во колективните згради Советот на Општина Куманово денеска ги усвои предложените измени на ЈП „Куманово – гас“, за висината, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем.
Изложба на слики и цртежи на Љубе Алексовски во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Големата мајка“ од авторот Љубе Алексовски.
Во Куманово еден починат, 41 новозаболен и 17 оздравени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 999 нови случаи, a направени се 3.627 тестирања.
Обид за грабеж на менувачница на „Илинденска“ Непознато лице вчера попладне се обидело да ограби вработена во менувачница во центарот на Куманово.
На Табановце откриени мигранти во контејнер од товарен воз Вработен во Македонски железници, синоќа во 22.20 часот, пријавил дека во контејнер од товарен воз, кој сообраќал на релација Грција - Романија, забележал 15 лица за кои се сомневал дека се мигранти.
Утре продолжение на педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово Во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, утре во 10 часот ќе продолжи педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово. Седницата беше прекината во четвртокот, откако беа усвоени точките за: годишен и финансиски извештај за работа, како и план за нови вработувања во Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово и завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2020 година.
Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ја затвори асфалтната база на „Кооп инженеринг“ ДОО во Куманово во рок од 30 дена и даде обврска да пострави филтер за да го намали загадувањето на воздухот.
Кумановец натепан во Скопје Кумановец бил физички нападнат од непознато лице за време на викендот во Скопје.
Еден починат, 6 новозаболени и 20 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 284 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.258 тестирања.
Поскапуваат бензините и дизелот За денар до денар и половина се зголемуваат цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
По 56 години се реновира Основното училиште „11 Октомври“ Започна реконструкцијата на училишната зграда во Основното училиште „11 Октомври“, преку проект „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на основни и средни училишта во РС Македонија“, кој се спроведува преку Министертствот за образование и наука.
Млади кумановци снимаат филм за проблемите на тинејџерите во модерното општество Сценариото на филмот „На колена“ влезе во потесен избор на аматерско сценарио на фестивалот Прикс Ројал во Париз
Еден починат и 42 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 868 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.654 тестирања.
И по 3 години владеење Димитриевски не го реши сообраќајниот хаос во градот, обвини ВМРО-ДПМНЕ Наместо проширување на постоечките улици во центарот на градот, пробивање на нови улици, нов режим за движење на возилата, олеснет проток на возилата низ градот, добивме тотален хаос и секојдневни сообраќајни гужви кои го блокираат градот, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Милан Давидовиќ.
Создаваме стандарди кои ќе изградат поправедно општество, кажа Дарко Ристовски од СДСМ Пред нас е неповторлив период во кој ќе се фокусираме на создавање на стандарди дома кои ќе придонесат да изградиме едно поправедно општество. Државата чекори напред и потребно е да создадеме услови за брз и правилен развој, порача Дарко Ристовски- претседател на комисија за финасии на ОО СДСМ Куманово.