Продолжен рокот за поднесување на годишна сметка до Централниот регистар Рокот за електронско поднесување на годишна сметка до Централниот регистар се продолжува заклучно со 25.03.2021 година до полноќ.
Двајца починати и 26 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19, a направени се 3.450 тестирања.
Над 100 компании во кумановско добиле 700 илјади евра државна помош, кажа министерот Бектеши „Над 100 компании од Куманово и кумановскиот регион добиле над 700 илјади евра директна финансиска поддршка од мерките и програмите кои се реализираат преку Министерството за економија и на Владата.
Над 50 кумановци казнети поради неносење маска Поради неносење на заштитна маска на лице на јавена простор, 53 граѓани на Куманово ќе се соочат со парична казна.
Да се почитуваат мерките за заштита за да се спречи ширењето на вирусот, препорачува кризниот штаб Сите приватни субјекти и јавни институции да преземат дополнителни мерки за заштита од ширењето на коронавирусот, препорача Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок.
Земјоделците се наши суперхерои, вели младиот уметник Павел Милановски победник на глобалниот натпревар на ФАО Павел Милановски (14) од Куманово, ја освои првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), за постер кој им оддава признание на земјоделците како херои на храната, по повод Светскиот ден на храната во 2020 година.
Спасовски: Да ја почитуваме забраната за движење и заеднички да придонесеме за заштита на здравјето Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направи увид на неколку полициски пунктови во Скопје по стартот на спроведувањето на новодонесената мерка за ограничување на движењето со времетрање од 22.00 часот до 05.00 часот, според одлуката на Владата.
Во Куманово 45 новозаболени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 913 нови случаи на ковид-19 од 3.707 тестирања.
Владата донесе нов сет мерки за поддршка на граѓаните и закрепнување на економијата, кажа Христина Трајковска од СДСМ Владата предводена од СДСМ заедно со коaлициските партнери работи посветено се со цел да се обезбедат дополнителни финасиски средства за дa се ублажи ударот кон најпогодените групи на граѓани од пандемијата. За таа цел е донесен и новиот сет економски мерки кои наскоро ќе стапат во сила, кажа Христина Трајковска, член на извршниот одбор на СДСМ Куманово.
Ковид болните без чекање прават крвна слика во Здравствен дом и рентген во Кумановската болница Матичните лекари во Куманово за анализа на ковид крвна слика пациентите ги праќаат во Здравствениот дом во Куманово, додека за рентген издаваат приоритетни упати за Одделението за рентген и дијагностика во Кумановската болница.
Затворен угостителски објект во Липковско Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 21.50 часот, извршиле контрола во угостителски објект во с.Виштица, Општина Липково, сопственост на Р.И.(31) од село Виштица, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати 18 лица-гости и сопственикот.
Кумановци со двојно државјанство се вакцинираат во Србија Повеќе од 100 граѓани на Куманово, кои имаат двојно државјанство примиле вакцина против ковид-19 во градовите во соседна Србија, информира градоначалникот Максим Димитриевски.
Денеска неколку локации без струја Поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, денеска од системот ќе бидат исклучени неколку локации и улици.
Нови 33 случаи на коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово последните 24 часа регистрирани се 33 новозаболени од ковид-19. На ниво на државата се 872 случаи од направени 3.394 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Модуларната ковид болница во Куманово ги прими првите пациенти Осум пациенти се сместени во модуларната ковид болница во Куманово, којашто вчера започна со работа.
Педесет и трета седница на Советот на Општина Куманово Триесет точки се на дневен ред на утрешната седница на Советот на Општина Куманово. Советниците ќе расправаат по годишни и тримесечни финансиски и извештаи за работа, но и за нови вработувања во институции и јавни претпријатија.