Одбележана 77-годишнината од формирањето на „Трета МУБ“ Во организација на Сојуз на борци од народноослободителна и антифашистичка војна 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи – Куманово, денеска во с. Жегљане се одбележаа 77 години од формирањето на славната партизанска единица „Трета МУБ“.
Се уште не е пронајден Стојадин Марковски, кој исчезна пред 11 дена Стојадин Марковски - Цоци (68) од населбата Карпош, кој исчезна пред 11 дена се уште не е пронајден. МВР денеска ја објави неговата слика за исчезнати лица на својот сајт.
Во угостителски објект во центарот на градот затекнати 49 гости кои не ги почитувале здравствените протоколи Во СВР Куманово, вчера во 17.20 часот било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.
Трoјца повредени откако возило излетало од патот Куманово - Свети Николе Три лица се повредени, од кои едно тешко, во сообраќајна незгода која вчера во 16.20 часот се случила на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, кога патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Една населба и пет улици денеска без вода Поради интервенции на водоводна мрежа денеска без вода ќе останат потрошувачите на една населба и пет улици во градот.
Три лица од Куманово обвинети за тероризам, тестирале оружје и експлозив на Менкова колиба и во поранешниот хотел „КУ-БА“ Основното јавно обвинителство за гонењена организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против три лица од Куманово, поради кривични дела терористичка организација и тероризам .
Ќе го прилагодиме стручното образование за потребите на пазарот на трудот, кажа министерот Шабани во Куманово Активно работиме на подобрување на средното стручно образование, наша цел е младите по завршување на училиштето да поседуваат вештини и знаења што ги бара пазарот на труд. Затоа низ социјален дијалог го усогласуваме повикот што ќе следи за запишување на ученици во средните стручни училишта, изјави заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани, на средбата со претставници од локалната самоуправа, средните стручни училишта и компаниите во Општина Куманово.
Приведен разбојник кој украл паричник на кумановец Полициски службеници од СВР Куманово, ноќеска во 03.45 часот го лишиле од слобода Б.С.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека вчера на дрзок начин на Р.О.(66) му го одзел паричникот.
Царовска води кампања за самопромоција наместо за реформи во образованието, порача Давидовиќ Мила Царовска води политичка кампања наместо да ги спроведе крупните реформи во образованите кои ги најави кога дојде на чело на министерството, обвини Милан Давидовиќ од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на прес-конференција.
Хуманитарна помош за 24 семејства во Старо Нагоричане Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово ги посетија и однесоа хуманитарна помош на повеќе семејства во селата Арбанашко, Рамно, Буковљане, Цветишница и Дејловце, кои беа најпогодените од студениот бран кој го зафати нашиот регион.
Фер е новите градоначалници да го започнат мандатот со повеќе надлежности и пари, кажа Милевски Оваа година треба да се одржат локалните избори. Фер е новите градоначалници да го започнат својот мандат со веќе дефинирани правила на игра во смисла на надлежностите и средствата со кои што ќе располагаат за нивно извршување, веќе од наредната буџетска година, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, на консултативниот настан со градоначалниците и други претставници од општините.
Тешко повредено момче во сообраќајка во Бабин Дол Момче се здобило со сериозни повреди и било пренесено на лекување на Скопските клиники, по судир на автомобил и мотор во населбата Бабин Дол.
Вонреден прекин на водоснабдувањето во централното градско подрачје Поради интервенција на водоводна мрежа – замена на дотраен затворач Ф-100, утре (25.февруари) од 05 часот до завршување на работа, ќе има прекин на водоснабдување на четири улици.
Пријава за насилство против пет лица од Љубодраг Кумановската полиција поднесе кривична пријава, против А.А.(45), М.А.(43), С.А.(47), М.А.(21) и Д.А.(22) сите од с.Љубодраг, кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Јапонската амбасада донираше 60.000 евра за ехо апарат за Општата болница во Куманово Преку програмата за помош на човекова безбедност од страна на амбасадата на Јапонија во нашата држава, денеска беше потпишан договор за грант, со кој ќе обезбеди дигитален апарат за ултразвук за Интерното одделение во Кумановската болница, во вредност од 60.000 евра.
Куманово ќе добие 47,7 милиони денари за изградба на канализациja во Табановце, Четирце и Сопот од парите од ТАВ Општина Куманово ќе добие 47,7 милиони денари или околу 800.000 евра од од неизградениот карго аеродромот во Штип, кои Владата одлучи да ги подели на општините во државата.