Петмина новозаболени во Куманово, шестмина во Липково, вкупно 111 во земјата Нови 11 случаи се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив пет се во Куманово и 6 во Липково.
Пријава за физички напад во Куманово Кумановец вчера пријави дека бил нападнат од четворица негови сограѓани.
Со креативни идеи до поурбан простор: Mурали красат стамбени згради Млади, амбициозни и инспирирани луѓе, започнаа проект за разубавување на К4 зградите на „Октомвриска револуција“, спроти економското училиште во Куманово.
Во Куманово тројца и во Липково 16 новозаболени од коронавирус, вкупно 125 во земјата Во последното деноноќие регистирани се 3 нови случаи заболени од КОВИД-19 во Куманово и 16 во Липково. Новозаболените се од липковските села: Матејче 12, Опае 2, Никуштак 1 и Ропаљце 1.
РЕТРОСПЕКТИВА И НОВАТА НОРМАЛНОСТ/НЕ НОРМАЛНОСТ Драги сограѓани, чувствувам потреба, а и одговорност најпрвин како Ваш сограѓанин, потоа како претседател на општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) -Куманово, во овој период да Ви се обратам, затоа што состојбата во нашиот град и нашата држава МАКЕДОНИЈА е далеку од нормална.
25 новозаболени и еден починат од коронавирус во Липково, еден случај во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во иминатите 24 часа регистирани се 26 новозаразени и еден починат од коронавирус.
Шестоодделенци направија „античка гозба“ за домашна онлајн задача Учениците од шестите одделенија од Основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово, направиле јадења по антички рецепти во рамките на практичниот дел од наставата по предметот класична култура во европската цивилизација.
Димитриевски бара извинување и поддршка за расчистување на случајот до крај По отфрлањето на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, Горан Стојановски, за сторено кривично дело Непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Димитриевски на Фејсбук објави дека „вистината за овој монтиран случај излегла на виделина“ и ја повика СДСМ да му се извини.
Почна реконструкцијата на 16,6 километри од патот Куманово-Ранковце, вредна 7,2 милиони евра Започна реконструкцијата на втората етапа од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, од селото Војник до Ранковце, во должина од 16,64 километри.
Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот Димитриевски Основното јавно обвинителство Куманово ја отфрли кривичната пријава на СВР Куманово, поради градоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, за сторено кривично дело- непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи не се утврдени елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност.
Вработен во Пазарна инспекција позитивен на коронавирус, ќе се затвори целото одделение Инспектор од одделението на Државниот пазарен инспекторат во Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Инспекторатот. Поради тоа целото оддление во Куманово ќе биде затворено.
Седумнаесет од новозаболените се од Липково, двајца од Куманово Од новите 19 случи на коронавирус регистрирани во Центарот за јавно здравје(ЦЈЗ) во Куманово, 17 се од Општина Липково и двајца од Куманово.
19 новозаболени од коронавирус во кумановско, од вкупно 120 во земјава Нови 19 случаи позитивни на вирусот КОВИД-19 се регистрирани во последното деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово, кое ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричане.
Кумановец и скопјанец повредени од експлозија на противградна ракета Во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета.
Петар Андоновски препорачува 5 книги за продолжениот викенд Во пресрет на тридневен полициски час во Куманово, писателот Петар Андоновски, овогодинешниот лауреат на наградата за литература на Европската унија со неговиот роман „Страв од варвари", посочува дека најдобриот начин за поминување на овој долгочасовен карантин е читањето на книги, па затоа дава препорака за книги кои можат да почнат да се читаат во овие три дена.