Поука наместо парична казна - воспитна мерка за поголема сообраќајна култура на мотоциклисти Мотоциклисти кои направиле полесен сообраќаен прекршок беа ослободени од паричната казна откако присуствуваа на сообраќајната поука, што ја организираше СВР Куманово и Мото Клуб „Мечки“, во рамките на проектот „Безбедно во сообраќајот“, во Центарот за култра „Трајко Прокопиев“.
Се однесувал агресивно, па се обидел да се пресмета со вработени во Кумановската болница И.М. се обидел физички да нападне вработени во Кумановската болница, откако предходно се однесувал агресивно.
13 новозаболени и еден оздравен од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, на ниво на државата. По градови: Скопје 34, Гостивар 20, Куманово 13, Тетово 8, Струга 1, Битола 1, Кавадарци 4...
Поплавен подрум во Сопот и двор на „Октомвриска“, повеќе села останаа без струја по синоќешното невреме Две пријави за поплавен објект и двор, биле регистрирани во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во Куманово, по синоќешното невремето проследено со пороен дожд и грмежи.
15 литри дожд наврнаа во Куманово Во изминатите 24 часа во Куманово наврнаа 15 литри на метар квадратен дожд. Најмногу врнежи имаше во Крива Паланка 29, а најмалку во Ѓуриште 4 л/м2.
Се одржа вториот Детски караоке фест во Куманово Четиринаесет млади, со изведба на домашни и странски песни настапија на Детскиот караоке фест, кој се одржа по вторпат, во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Да се намали цената на струјата, побараа граѓаните на протест пред ЕВН Во Куманово денеска по втор пат се одржа протест, против поскапување на електричната енергија. Група од околу 100 граѓани тргнаа од пред Општината, за да дојдат до зградата на ЕВН каде што протестираа.
Нови 19 заболени и 34 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во земјата. По градови во:Скопје 38, Тетово 20, Куманово 19, Гостивар 13, Штип 10, Струга 9, Кичево 8, Свети Николе 5...
Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија Од утре македонските граѓани за влез на границите на Србија ќе треба да приложат негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.
Сите мора максимално да сме одговорни, доколку сакаме безбеден сообраќај, порачуваат од СВР Куманово Поради зголемен број на сообраќајни несреќи во текот на летниот период, проектот „Безбедно во сообраќајот“, од страна на СВР Куманово и РСБСП, денеска повторно беше презентиран на плоштадот во Куманов, каде на граѓаните им се поделија маски и флаери со содржина која укажува на последиците од неодговорноста во сообраќајот.
Во 14 часот протест пред Општина Куманово против поскапување на струјата Денеска, со почеток во 14 часот, пред Општина Куманово, ќе се одржи протестен марш против поскапување на електричната енергија. Граѓаните потоа ќе заминат пред седиштето на ЕВН.
Уништено новото детско катче во населбата „Бавчи“ За неполни два месеци, речиси целосно е уништена урбаната опрема во детското катче во населбата Бавчи, спроти поранешен Туш.
Нови 20 заразени и 22 оздравени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се нови 20 случаи позитивни на ковид-19.
Детски караоке фест пред Центарот за култура во Куманово Околу петнаесетина млади утре (четврток) во 20 часот, пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе настапат на детскиот караоке фест.
Се гради атмосферска канализација на улицата „Христијан Карпош“ во Куманово Согласно програмата на Општина Куманово за комунално уредување започнаа работите на изградбата на нова атмосферска канализација на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, наспроти Општата болница во Куманово.
Воз удрил во автомобил на железничкиот премин во Лопате, едно лице повредено Едно лице е повредено откако воз удрил во автомобил на железничкиот премин во селото Лопате.