Ако не се почитува самоизолацијата, следува државен карантин на сопствен трошок На денешната седница е донесена Уредба со која доколку некое лице одбие да седи во самоизолација, му се одредува карантин во траење од 14 дена, а ќе си ја плати и сметката за сместување.
Владата одлучи да нема полициски час, само засилени контроли во општините со голем број заразени Владата на денешната седница не донесе одлука за полициски час во општините каде што има поголем број новозаразени со коронавирус.
11 нови случаи во Липково, еден новозаболен и еден починат во Куманово Вкупно 12 нови случаи и еден починат од вирусот КОВИД-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив 11 се во Липково, додека еден новозаболен и еден починат во Куманово.
Мургашанска: Коронакризата не ги спречи капиталните инвестиции во Куманово Кризата предизвикана од коронавирусот, не ги спречи капиталните инвестиции, тие продолжија да се изведуваат со засилена динамика.
Жител на Лојане шверцувал мигранти Жител на липковското село Лојане, ноќеска е уапсен во близина на Велес, додека со своето возила превезувал мигранти.
Кумановци во коронакриза чистат по дома, па прават повеќе ѓубре од вообичаено Граѓаните на Куманово во изминатите три месеци додека траеше полицискиот час чистеа по дома, па создаваа поголеми количини на смет во споредба со предходниот период.
Почина борецот и поранешен претседател на Собранието на Куманово Драги Јовановски - Дедо Драги Јовановски-Дедо, борец и истакнат општествено политички работник, почина денеска во Куманово на 93-годишна возраст, објави семејството.
Караџовски: Непочитувањето на мерките ни се врати како бумеранг Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски истакна дека влошувањето на состојбата со корнавирусот во земјата е резултат на непочитување на мерките за заштита и социјална дистанца од граѓаните, па кластерската анализа покажала дека сите нови нови случаи се врзани со некаква форма на собир и прослава во периодот 24. и 25. мај.
Продолжи отстранувањето на времените објекти на улицата „11 Октомври“ Општина Куманово денеска продолжи со отстранување на времени објекти на улицата „11 Октомври“, над Градската џамија, со цел да создаде простор да се отвори крак од улицата „11 Ноември“.
Во Куманово 52 лица не носеле заштитни маски, 38 не го почитувале полицискиот час Секторот за внатрешни работи Куманово, за време на тридневниот карантин, регистрирал прекршување на одлуката на Влада за ограничување на движењето на граѓаните и носење на лична опрема за заштита од кронавирус.
Еден починат и еден новозаболен од коронавирус во Липково и Куманово Во последните 24 часа во Куманово е регистриран еден случај на новозаболен , додека во Липково едно лице починало од коронавирус .
Горивата поскапуваат за еден и 1,5 денар Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за зголемување на малопродажнитe цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23 % во однос на цените на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од минатата недела.
Се најавува враќање на полицискиот час од 22 до 5 во Куманово Комисијата за заразни болести ќе и препорача на Владата повторно да го врати полицискиот час.
Биди и ти Гимназијалец „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ е мислата на нашиот патрон Гоце Делчев, која 75 години нѐ води нас вработените и учениците по патот на науката, во постојан натпревар во знаења и вештини, освојување награди, признанија и оформување на нашите ученици во сестрани личности.
Повредено дете при судар на мотор и велосипед На крстосницата од ул.„300“ и ул.„260“ во Куманово, вчера во 15.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „јамаха“, со бугарски национални ознаки, управуван од С.Ј.(46) од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово.
Наскоро започнува реконструкција на „Искрин мост“, вредноста на проектот 118 милиони денари По добивањето на решението за изменет режим на сообраќај на магистралниот пат Куманово-Свети Николе ќе се отпочне со интензивни градежни работи за целосна реконструкција на т.н. „Искрин мост“ на реката Пчиња во Куманово.