Антон Витковски прв човек на СВР Куманово? Антон Витковски, поранешен командир на Полициска станица од општа надлежност во Куманово, најверојатно ќе биде новиот началник на СВР Куманово. Тој ќе биде назначен на предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.
Наставниците ноќе го полнат е-дневникот – дење системот паѓа и податоците се губат Учениците се на зимски распуст, но наставниците овие денови, или поточно ноќи, ги користат за си ги исполнат административните обврски со пополнување податоци во електронскиот дневник.
Во амбулантата „Тоде Мендол“ ќе се вакцинираат деца од приградските населби Од почетокот на годината Одделот за вакцинација и систематски, при Здравствениот дом Куманово ќе работи и во просториите на поликлиниката „Тоде Менол“.
Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово- Крива Паланка Четири лица се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.
РСБСП апелира до граѓаните да употребуваат сигурносни појаси Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБС) апелира до возачите да ги употребуваат сигурносните појави, дури и за најкратки патувања.
Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање Собранието ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.
Кумановскиот театар вработува четворица актери Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ се екипира со професионален кадар. Нови четворица актери ќе се вработат во Театар Куманово.
Зоран Арсовски - Бабата со изложба во Ќустендил Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски Бабата од Куманово, во петок (17.01) ќе се претстави пред публиката во Ќустендил, Република Бугарија.
17- годишна девојка од Куманово загина во сообраќајка во Миладиновци 17 - годишна девојка од Куманово, по полноќ го загубила животот во сообраќајна несреќа во скопското село Миладиновци.
Акција за вдомување на бездомни кучиња Во сабота на Градскиот плоштад во Куманово, со почеток во 10 часот, ќе се одржи акција за вдомување на бездомни животни, пред се кучиња.
Цените на горивата остануваат исти Цените на горивата остануваат исти, а од полноќ поскапe само мазутот М-1 НС за 1,877 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Намалена видливост на патиштата од Куманово кон Крива Паланка и Свети Николе Намалена видливост поради појава на магла има на патните правци на патниот правец Куманово – Крива Паланка од 50 до 80 метри, и на патниот правец Св. Николе – Куманово до 50 метри, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20 до 30 метри и Велес – Катланово и Кочани – Берово од 50 до 100 метри.
„Медена земја“ со две номинации за Оскар Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
Тинејџер се заканувал и барал пари на семејство во Страцин Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.А.(18) од с.Страцин, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.
Одбележана 76 годишнината од битката на Пелинце Денескa се одбележаа 76 години од познатата битката на Пелинце во која загинаа Ангел Лазаревски - Шајче и Трифун Ангеловски - Летеќи.
Притворен кумановец, му нашле 2,6 килограми марихуана Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Т.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.