Мени

Кривични пријави против шестмина кумановци кои го прекршиле полицискиот час

Кривични пријави против шестмина кумановци кои го прекршиле полицискиот час

 СВР Куманово поднесе кривични пријави против К.А.(49), В.Б.(45), С.Б.(36), Д.М.(21), М.С.(62), Л.С.(19), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Да не се фрла сенка врз нашата работа, бара Општинскиот кризен штаб

Да не се фрла сенка врз нашата работа, бара Општинскиот кризен штаб

Општински штаб за заштита и спасување во Куманово, бара од надлежните државни органи во најкус можен рок да го расчистат случајот по вонредниот извешај од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), за да не се фрла сомнеж врз нивната работа и врз сето она што до сега е преземено и сработено во борбата со епидемијата од КОВИД-19 во Куманово.

Стојановски ќе ја тужи Бухова за наводите на прес-конференцијата

Стојановски ќе ја тужи Бухова за наводите на прес-конференцијата

Раководителот на Регионален центар за управување со кризи Куманово, Горан Стојановски, кој е надворешен член на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) Куманово, реагира на вчерашната изјава на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова-Бухова.

Ќе предложиме до Владата санкционирањето за неносење заштитна маска да почне веднаш, кажа Филипче

Ќе предложиме до Владата санкционирањето за неносење заштитна маска да почне веднаш, кажа Филипче

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, утре ќе достават предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веќе веднаш, односно утре или најдоцна во вторник, затоа што граѓаните не ја почитуваат оваа одлука и маските ги носат на вратот или во раце.

Димитриевски ја прекршил самоизолацијата, ќе се соочи со казна од 300 до 600 евра

Димитриевски ја прекршил самоизолацијата, ќе се соочи со казна од 300 до 600 евра

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се соочи со казната е од 300 до 600 евра во денарска противредност, затоа што го прекршил Законот за заштита на население, односно ја прекршил самоизолацијата и го напуштил местото на живеење, иако имал решение за домашно лекување, кажа директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова-Бухова.

Kонстатирани низа неправилности во здравствените установи во Куманово, тврдат од ДСЗИ

Kонстатирани низа неправилности во здравствените установи во Куманово, тврдат од ДСЗИ

 Во Куманово утврдени се повеќе пропусти во здравствените установи, односно непочитување на законските норми, протоколи и мерки што почнаа да важат откако е прогласена пандемијата во целата земја, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова-Бухова.