Димитриевски: На прав пат сме - работиме да го направиме Куманово успешна приказна Работиме да направиме успешна приказна од Куманово да оставиме трајни дела, да го смениме ликот на градот, кој оваа година прославува пет века од своето постоење, истакна на граѓанската трибина „На прав пат“ градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
Пo 10 години почна да се гради првата индустриска зона во Куманово Започна изградбата на примарната инфраструктура на Речица, првата индустриска зона во Општина Куманово, која се наоѓа покрај автопатот Куманово- граничен премин Табановце.
Спасовски: На 27 април бевме подготвени да ги дадеме животите за слободата на државата До пред години се боревме да се избориме за слободата и демократијата во Македонија и на 27 април во Собранието покажавме дека сме подготвени да ги дадеме животите за слободата, истакна потрпетседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово
Заев: Даваме силна поддршка за Куманово, ја исправивме долгогодишната неправда од минатата власт Во обраќањето на трибината „На прав пат“ претседателот Зоран Заев, истакна дека Владата предводена од СДСМ ја исправи децениската неправда кон Куманово и граѓаните на овој град, кои беа целосно заборавени и значително инвестира и реализира повеќе проекти во интерес на граѓаните.
Изгоре куќа на улица „Осогово“ Во голем пожар синоќа изгоре куќа на улицата „Осогово“ во Куманово, која се наоѓа зад Кумановската болница.
Социјалистите го прославија 11 Октомври во Куманово Социјалистичката партија на Македонија денеска организираше прослава по повод Денот на востанието на македонскиот народ во Куманово.
СДСМ организираше пикник во Куманово Со војничко гравче, денеска беа пречекани гостите и сите граѓани, кои дојдоа на пикникот што СДСМ го организираше по повод прославата на 11 Октомври.
Одбележан Денот на народното востание Со полагање цвеќиња на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, денеска делегации од Владата, Парламентот, Општина Куманово, Сојузот на борци, АРМ, МВР, од политички партии и здруженија, институции и граѓани, го одбележаа 11-ти Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.
Куманово го празнува 11 Октомври Куманово, градот првоборец, денеска одбележува 78 години од Денот на антифашистичкото востание кога македонскиот народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.
Два пожари во кумановско Во текот на изминатото деноноќие гаснети се два пожари на територијата на Општина Куманаово.
Влажни коловози на патиштата поради утринскиот дожд Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
СДСМ организира пикник и трибина за граѓаните на Куманово СДСМ денеска на прес конференција ги повика граѓаните масовно да присуствуваат на двата настани што во наредните два дена ќе ги организира општинската организација на СДСМ Куманово.
Кривична пријава за инспектор од Куманово и двајца извозници на јагоди од Скопје Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ш.А.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и две лица од Скопје М.Ф.(31) и Ш.Ф.(54) од општина Сарај, под сомнение за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.
Недопирливоста би ја заменила со повеќе средби со граѓаните Елизабета Секирарска, професорка во СОУ „Перо Наков“ одговара на прашањето, кои три работи би ги направила да е градоначалник на Куманово...
Се реконструира водоводната мрежа на Михајло Пупин Започна реконструкцијата на водоводна мрежа на улицата „Михајло Пупин“ во населбата Перо Чичо.
Со повеќе културни и спортски настани ќе се одбележи 11 Октомври во Куманово Со повеќе културни и спортски манифестации Општина Куманово ќе го одбележи 11 Октомври - Денот на народното востание.