Снегот го отежна сообраќајот Снегот кој паѓа од вчера го отежнаа сообраќајот на патиштата во државата, кој се одвива по влажни коловози.
Кривични пријави за кумановци за демолирање ресторан Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Е.З. (25), Ф.А.(32) и М.С.(20), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Куманово е регионален центар без репрезентативен хотел Куманово е еден од ретките поголеми градови во регионот кој нема репрезентативен хотел, иако се наоѓа на само 30 километри од Скопје и го носи приматот центар на Североисточниот Регион.
Изложба на фотографии од меѓународната колонија Старо Нагоричане Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19.30 часот ќе се одржи изложбата на дела од меѓународната фотографска колонијата која се одржува во Старо Нагоричане.
Обештетени само 54, од пријавените 1600 стечајци Новиот закон за стечајни работници доживеа вистинско фијаско во Куманово, градот со најголем број стечајци кои со години се борат за решавање на нивниот статус.
Три катни гаражи најави градоначалникот Димитриевски Катни монтажни гаражи на паркинг просторот кај КИБ банка, трговскиот центар СУ-МА и на локалитетот Серава, најави градоначалникот Максим Димитриевски на денешниот отчет пред граѓаните.
Го нападнале полицаецот откако направиле сообраќаен прекршок Полициски службеник е нападнат од членови на едно семејство додека бил на должност и преземал мерки кон возач на автомобил, кој бил непрописно паркиран.
Градоначалникот ќе даде отчет за сработеното Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ќе даде отчет за сработеното во првите 100 дена од стапувањето на функцијата.
Маската „Црно и бело“ на кумановските средношколци наградена на Струмичкиот фестивал Парична награда од 10.000 денари освои маската „Црно и бело“ на учениците од средните училишта во Куманово, кои викендов учествуваа на Меѓународниот струмички карневал.
Изгоре канцеларија во Кумановската полиција Изгоре дел од канцеларијата на Oтсекот за превенција во зградата на СВР Куманово.
Директорка вработила воспитувачка без соодветно образование Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С. (45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.
Општински натпревар по математика во “Браќа Миладиновци“ Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во сабота ќе се одржи општински натпревар по математика.
Приведен Германец - предизвикал тепачка Во Полициската станица Куманово, синоќа во 21.15 часот приведен е Б.Б.(28) од Сојузна Република Германија, поради пријавено нарушување на јавен ред и мир.
Тешко повреден велосипедист, пренесен на Скопска клиника Автомобил удрил во велосипедист, кој е тешко повреден и пренесен на лекување на скопските клиники.
Гласавме за подобро утре, но се разочаравме, вели Елезовски Актуелната власт премногу „завергла“ во решавањето на проблемот со името и влезот во ЕУ, поради што заборави на реалните проблеми на граѓаните, сиромаштијата, нечовечкиот третман кон маргинализираните групи на граѓани, скандалите во судството и квалитетот на луѓето кои ги поставуваат на позициите, смета претседателот на Националниот Ромски Центар, Ашмет Елезовски.
Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар Од ноќеска на полноќ цената на горивата ќе се намали за 2,5 денари за литар.