Голем пожар околу опсерваторијата Кокино Голем пожар вчера беснеел во близина на магалитската опсерваторија Кокино, кој пожарникарите успејале да го локализираат по 10 часа борба со огнената стихија.
Позајмил автомобил, па не сакал да го врати Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ.(44) од Куманово, за сторено кривично дело затајување.
Стефановски апелира за помош од државата и граѓаните Семејството Стефановски, кое пред дваесетина дена остана на улица, откако во голем пожар изгоре нивното живеалиште во напуштената зграда на Македонски железници во селото Речица, сеуште е без кров над глава.
Адријан Афузи нов директор на Здрaвствен дом Куманово Адријан Афузи од ДУИ е нов директор на Здравствениот дом во Куманово.
Железничка станица најзапоставена приградска населба, смета ВМРО-ДПМНЕ Никој од жителите на оваа населба не може да се сети, кога последен пат биле посетени од градоначалникот и локалните власти, а притоа да не се работи за предизборен период, обвинува општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Концесионерите на Кумановска бања ќе одговараат кривично- не го обезбедиле базенот во кој се удави девојче Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Т.(47) и З.А.(37) од Куманово, двајцата управители на Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги ПРЕМИУМ МИНЕРАЛИ Куманово, за сторено кривично дело предизвикување општа опасност во врска со кривично дело тешки дела против општата сигурност, додека правното лице е пријавено за предизвикување општа опасност.
Во сабота авионско прскање против комарци Во сабота (12.08) на подрачјето на Општина Куманово во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци.
Се асфалтира улицата „Среќко Пужаљка“ Започна асфалтирањето на улицата „Среќко Пужаљка„, откако заврши рекострукцијата на канализационата мрежа.
„Бегалци и книги„ на Градскиот плоштад во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово, вечерва од 17 до 20 ќе се одржи проектот „Бегалци и книги“, кој го организира Центар за интеркултурен дијалог со своите волонтери.
Марјан Спасовски нов директор на затворот Кшање Марјан Спасовски-Ефто е нов директор на Казнено-поправната установа - затвор Куманово.
До петок многу топло време До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Денес и утре во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во јужните делови. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.
Авганистанец продавал марихуана во Лојане Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Н.(23) од Кабул - Авганистан, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Успешен настап на „Панче Пешев“ во Варна Културно-ументичкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово успешно се претстави на Меѓународниот фолклорен фестивал во Варна, Република Бугарија.
Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ Од ноќеска на полноќ за еден денар по литар поскапуваат бензините и дизелот, а за 1,5 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Максимална потрошувачка на вода во Куманово Околу 400 литри во секунда вода трошат кумановци на тропските горешнини. Ако на вообичаените летни температури потрошувачката била од 250-270 литри, сега е зголемена за повеќе од една третина.
Ариф Љатифи нов директор на Центарот за јавно здравје Куманово Досегашниот директор на Општата болница Куманово Ариф Љатифи од ДУИ, во иднина ќе раководи со Центарот за јавно здравје во Куманово.