Дамјановски во посета на ИВЗ Градоначалникот Зоран Дамјановски, со советниците Фериз Дервиши, Скендер Алији и Ридван Рамадани, денеска ја посетија Исламската верска заедница во Куманово за да го честититa празникот Рамазан Бајрам.
Одбележана годишнината од излегувањето Вториот партизански одред Во организација на Сојузот на борци Куманово, во Цекови бавчи денеска беше одбележана годишнината од излегувањето Вториот партизански одред на 26 јуни 1943 година.
Кумановец повреден во сообраќајќа во Идризово Кумановец е тешко повреден во сообраќајна несреќа откако во него удрил автомобил
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам На сите верници од исламската вероисповед Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ им посакува празничната радост да ја споделат со семејството и пријателите во мир, меѓусебно разбирање и благосостојба.
Внимателно на жештините, препорачуваат лекарите Поради екстремно високите температури, кои ќе се задржат до крајот на месецов, лекарите препорачуваат граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат при престој на отворено.
Честитка од Дамјановски по повод Рамазан Бајрам Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на граѓаните од исламска вероисповест .
Каде е ветената индустриска зона во Речица, прашува ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ го праша градоначалникот Зоран Дамјановски и локалната власт зошто сеште не е изградена индустриска зона во селото Речица, која требаше да вработи 2.500 граѓани.
Уште неколку дена ослободeте се од електронскиот отпад и добијте награда Граѓаните на Куманово до среда ќе можат да се ослободат од старите електрични и електронски апарати на 4 локации во градот и да добијат награда.
Зоран Божиновски да се пушти од притвор, бара ЗНМ Здружението на новинари на Македонија инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода.
Кривични пријави за инвеститор и градежни инспекторки Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Куманово, инвеститор на градба, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење, против В.Б.(64) и В.Л.(63) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Понеделник- Рамазан Бајрам неработен ден Првиот ден на Рамазан Бајрам е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
До крајот на месецот топол бран со локална нестабилност Под влијание на многу топла воздушна маса до крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат над 30, а долж Повардарието и 35 степени.
Изложбата „Почеток без крај” на Ана Ивановска и Ангел Миов Во Уметничката галерија – Куманово, вечерва во 20 часот ќе се отвори изложбата „Почеток без крај” на ликовните уметници Ана Ивановска и Ангел Миов во организација на НУ Музеј Куманово и ЗПРУ Кибер Панк Куманово.
Власта Димковиќ избран за заменик министер за земјоделство Власта Димковиќ (59) од Куманово е новиот заменик министер за земјоделство во Владата на Република Македонија.
Заврши летниот ликовен камп „АСНОМ“ Над 150 дела во различни техники изработија учесниците на Летниот ликовен камп „АСНОМ“, кој траеше четири дена во комплексот „Етно село“ покрај Куманово.
УЈП апелира да се издаваат фискални сметки Субјектите кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет, апелираат од Управата за Јавни приходи.