Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ Eуросупер БС-98 поскапува за половина денар по литар, а цената на дизелот, Eуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Лидија Тасевска нова пратеничка од Куманово Лидија Тасевска, директорка во средното училиште „Перо Наков“ е новата пратеничка од Куманово од листата на СДСМ.
Среда неработен ден за католиците Празникот на сите светци, 1 ноември (среда), е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Сообраќајка на Страцин, повредена жена На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на м.в. Чатал во селото Страцин, во сообраќајна несреќа повредена е 50-годишна жена од Скопје, сопатничка во возилото.
Жаклина Јовановска градоначалничка на Старо Нагоричане Жаклина Јовановска е градоначалничка на општината Старо Нагоричане.
Во Старо Нагоричане Јовановска има двојно водство пред Јаќимовиќ, тврдат од СДСМ Во вториот круг на локалните избори во Старо Нагоричене, кандидатката за градоначалник од СДСМ Жаклина Јовановска има двојна предност пред нејзината противкандидатка Елена Јаќимовиќ од ДПСМ, тврдат од изборниот штаб на СДСМ.
МВР ќе издава лични карти и денеска Одделението за управни работи во СВР Куманово денеска ќе работи и ќе издава лични карти на граѓаните.
Канцеларијата на Народниот правобранител отворена за граѓаните Kанцеларијата на Народниот правобранител во Куманово, денеска ќе биде отворена од 7 до 19 часот, со цел да помогне во остварувањето и заштитата на правата на граѓаните, на денот на одржувањето на вториот круг од локалните избори во општините Липково и Старо Нагоричане.
Во Липково и Старо Нагоричане се гласа за градоначалник Жителите на општините Липково и Старо Нагоричане, денеска гласаат за избор на градоначалник.
ДРОМ го прослави 20-от роденден Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ од Куманово слави две децении постоење и успешна работа.
Полицаец од Ваксинце 15 години работел со лажна диплома Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.М.(38) од липковското село Ваксинце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина и Б.М. (59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Во Старо Нагоричане гласаат 22, во Липково 259 болни лица Во општина Старо Нагоричане денеска гласаат 22 болни и изнемоштени лица, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Старо Нагоричане.
Закани по телефон за кандидатка за градоначалник на Старо Нагоричане Една од кандидатките за градоначалник на Старо Нагоричане во полиција пријавила дека синоќа ѝ се заканувале по телефон.
Кампања за надминување на предрасудите организира НРЦ Националниот ромски центар од Куманово, започна кампања „Доста е–надмини ги предрасудите, запознајте ги Ромите“, која има за цел да ги едуцира учениците во основните и средни училишта за надминување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.
Одбил да се легитимира и нападнал обезбедувач во казино Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.А.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.