Градска музика слави 110-годишен јубилеј Оркестарот на градска музика „Илинден“, по повод 110 години од формирање, вечерва ќе одржи Свечена академија.
Сообраќајка кај Псача, сообраќајот се одвива по една коловозна лента Поради сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај м.в.„Просечник“ кај селото Псача, сообраќајот од 9.10 часот се одвива наизменично на една коловозна лента, соопштуваат од АМСМ.
Тринаесет предлози за Ноемвриска награда Вкупно тринаесет предлози се доставени до Општина Куманово за највисокото општинско признание „Ноемвриска награда“. Од нив осум се за правни, а пет за физички лица.
Јапонија донирала половина милион евра за проекти во Куманово Половина милион евра донирала Владата на Јапонија за реализација на проекти во Куманово.
Го нападнале со француски клуч и тупаници Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ш.К.(33) и Ш.К.(41), двајцата од Черкеско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
Конститутивна седница на Советот на Oпштина Куманово Советот на Општина Куманово во четврток ќе ја одржи првата – конститутивна седница во нов состав по локалните избори.
Државата не остави сами да се бориме со ретката болест на синот, велат родители на дете со Лоув синдром Повеќе од десет години трае битката на семејството Петрушевски од Куманово со болеста на нивниот син Младен (12), кој има Лоув синдром, ретка болест која ги напаѓа очите, мозокот и бубрезите, и го забавува интелектуалниот и физичкиот развој на организмот.
Нови директори во гимназијата и техничкото училиште Марија Тодоровска е новa в.д. директорка на гимназијата “Гоце Делчев“, а Драган Јаневски в.д. директор на ОСТУ “Наце Буѓони“ во Куманово.
Францускиот амбасадор во посета на општина Куманово Амбасадорот на Република Франција во Македонија Кристијан Тимоние, денеска беше во посета на општина Куманово и се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.
Јовица Јанчиќ од СДСМ претседател на Советот на Старо Нагоричaне На конститутивната седница на Советот на општина Старо Нагоричане, денеска се верификувани мандатите на новите советници и Јовица Јанчиќ е избран за претседател на Советот.
Наставничкиот пленум не е задоволен од најавеното зголемување на платите Наставничкиот пленум e незадоволeн од најавите за зголемување на платите на просветните работници за 5 %, дури во септември, 2018 година, како што објави министерот за финансии.
Димковиќ исклучен од Српската партија, бараат смена и од заменик министерската функција Претседателот на општинскиот одбор на Српска партија во Старо Нагоричане и заменик министер за земјоделство Власте Димковиќ исклучен е од партијата.
Кумановец пронајден со прострелна рана во главата во Ресен На патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, вчера во 7 часот, во сопственото возило „Поло“ починат бил пронајден М.П.(34) со прострелна рана во пределот на главата.
Нелегалните продавачи тргнати од тротоарите околу зелените пазари Инспекциските служби денеска ги отстраниле нелегално поставените тезги од тротоарите околу зелените пазари во градот.
Сообраќајка кај К`шање, затворен патот Куманово-Свети Николе Регионалниот пат Куманово - Свети Николе е во прекин, поради сообраќајна незгода кај затворот К`шaње.
Мила Жибак нов директор на средното училиште „Перо Наков“ Мила Жибак е нов директор на СОУ “Перо Наков“ во Куманово.