Распуштена е регионалната единица во рамки на криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога, затоа што немала резултати.
Утре со почеток во 19 часот ќе се одржи ревијално возење на мотоцикли, четирицикли и други слични возила низ улиците на Куманово, како дел од кампањата за користење на заштитна опрема во...
Отсекот за превенција во соработка со Општинскиот совет за детското престапништво, започна кампања за безбеден јавен превоз на патници и ученици во Куманово.
Екипите на ЈП „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле“ го отстраниле големиот дефект на системот за наводнување, поради кој беше прекинат дотурот на вода до Филтер-станицата во Куманово. Дефектот предизвика недостиг на вода за пиење...
Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2026“ ќе се одржи од 23 септември до 5 октомври на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Кумановскиот музеј го објави повикот за учество на академските ликовни уметници од Куманово на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2026“, која ќе се одржи по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето...
Со средства обезбедени од Хуманитарната организација „Срби за Србите“ реновирана е училишната зграда на подрачното училиште „11 Октомври“ во селото Долно Којнаре.
Жител на кумановската населба Черкези заработи осумдневен притвор и кривична пријава за загрозување на сигурноста, затоа што на социјална мрежа напишал заканувачки коментар против премиерот Христијан Мицкоски.
Финансиското друштво Flex Credit ја продолжи својата благородна мисија и четврта година по ред застана како главен партнер зад хуманитарната ТВ емисија „Срце на дланка“.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска 09:00 до 14:00 часот ќе се одржи вонредната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст Куманово.
Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и Гимназијата „Гоце Делчев“ потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидува учениците да се вклучат во збогатување на културниот и социјалниот живот на корисниците на...