Градот првоборец го слави Денот на народното востание Куманово денеска го слави 11 Октомври - Ден на народното востание на македонскиот народ и Ден на борецот.
Кумановец без повод нападнал сограѓанин М.М.(24) од Куманово, вчера на улицата “Иво Лола Рибар“ околу 18.45 часот, без повод и причина физички го нападнал Д.Б.(24) исто така од Куманово.
Атлетски митинг за 11 Октомври се одржа во Куманово Во пресрет на утрешниот празник 11 Октомври, на атлетскиот полигон кај техничкото училиште денеска се одржа атлетски митинг во организација на атлетски клуб “Куманово“, Атлетска федерација на Македонија и Општински сојуз на спортови.
11 Октомври - Денот на народното востание е неработен Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 Октомври 2015 година (недела), Денот на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Отворена изложбата за царските двери во кумановско Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата “Развојот на царските двери во кумановско“ на авторката Валентина Андреиќ, кустос историчар на уметноста во Музеј Куманово.
Борците одржаа свечена седница Сојузот на борци Куманово денеска одржа свечена седница по повод 11 Октомври- Денот на народното востание.
Притвор за претседателот на кумановскиот суд На претседателот на Основниот суд Куманово, Муса Сулејмани му е одредена мерка притвор во траење 30 дена.
СДММ поставија банер „Куманово нема да заборави Диво насеље 9.5.2015“ Членови на Социјал-демократската младина од Куманово денеска на мостот кај Искра, на влезот од градот поставија банер на кој пишува „Куманово нема да заборави Диво насеље 9.5.2015“.
Со хепенинг заврши празнувањето на Детската недела Со хепенинг на Градскиот плоштад денеска заврши празнувањето на Детската недела, во организација на хуманитарното здружение „Мајка“.
Вработен на „Вибе“ при ископ нашол гранати Вработен во фирма „Вибе“ завчера пријавил во полиција, дека при вршење ископ за пруга во Куманово кон Бедиње-индустриска зона нашол гранати.
Градоначалникот потпиша прелиминарен договор со Хабитат Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вчера потпиша прелиминарен договор со директорот на Хабитат Македонија, Зоран Костов за финансиско учество од 20 отсто од вредноста на реконструкцијата, на станбените згради во општината за подобрување на енергетска ефикасност.
Ученици присуствуваа на работилница со Ксенија Маказлијева Трајчева Ученици од основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска во детскиот оддел на Градската библиотека “Тане Георгиевски“, присуствуваа на работилница со авторката за деца Ксенија Маказлијева Трајчева од Детска радост.
Деца од „Синоличка“ положија цвеќе пред бистата на Панче Пешев Во пресрет на празникот 11 Октомври, деца од големата група од градинката „Синоличка“ денеска положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Панче Пешев, во дворот на истоименото училиште.
Наврнаа 18 литри дожд во Куманово Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 18 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Косовска претстава на „Денови на комедија Куманово 2015“ Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, Евробалкан Институт од Приштина, Косово ќе ја изведе претставата “Чехов му кажува збогум на Толстој“.
Претседателот на судот ја злоупотребил службата Претседателот на Основниот суд Куманово, денеска е уапсен од полицијата под сомнение дека сторил кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.