ФЗОМ отвара кол центар за комуникација со хронично болни Фондот за здравствено осигурување од 1 октомври стартува со кол центар за комуникација со хронично болни осигуреници од дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања.
Дезинфицирани 14 вагони и пунктот за мигранти на Табановце Од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека во текот на изминатите 24 часа, извршена е дезинфекција на 14 вагони, објекти и просторот во пунктот за помош на мигранти со површина од 2800 м2.
Отворена градинка во липковското село Оризаре Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани денеска во липковското село Оризаре отворија нова градинка и Дневен центар за деца со пречки во развојот.
Црвен Крст преку поезија промовираше хумани вредности Општинската организација на Црвен Крст Куманово синоќа во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, организираше поетско читање со кое промовираше хумани вредности.
Жителите на Довезенце бараат мост на Крива река Жителите на селото Довезенце, денеска на денешната прес-конференција побараа од локалната власт да им изгради мост на Крива река, кој ќе ги поврзува куќите од двете страна на селото.
Падна обвинението против дедо Љубе Кумановското јавно обвинителство ќе треба да изготви нов обвинителен акт против Љубомир Митев(75) од кратовско Којково, откако кривичниот совет во кумановскиот Основен суд ги прифати приговорите од неговите бранители и го врати предметот во фаза на истрага.
Се чисти речното корито на Кумановка Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска кај населба Средорек информираше дека проектот за чистење на речното корито на Кумановка кој почна пред 10 дена е половина завршен.
Министерот Диме Спасов во посета на Босут Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска ја посети текстилната фабрика Босут во Куманово.
Предавање за дијабетичари во Општа болница Куманово Во Општа болница Куманово утре во 12 часот ќе се одржи предавање за дијабетичари.
Стравот го разорува психо-физичкиот развој на човекот Стравот ако потрае подолго време го разорува психо-физичкиот развој на човекот, вели гешталт психотерапевтот Јасминка Наумовска.
Пратениците не ги слушаат аргументите на колегите Пратениците не ги анализираат аргументите на политичките противници, покажува истражувањето на Институтот за демократија спроведено во период од десет месеци од мај/јуни лани до мај/јуни годинава.
Ќе излезе од печат „Исплетена детска среќа“ Во фаза на печатење е книгата “Исплетена детска среќа“ на Божана Трајковска.
Грчки државјанин сакал да прошверцува девизи на Табановце Грчки државјанин минатата недела е спречен во обид да прошверцува девизи на граничниот премин Табановце.
Мало осветување на црквата „Свети Спас“ Мало осветување на црквата „Свети Спас“ вчера беше извршено во населбата Долно Којнаре.
Француски берачи на билки во посета на регионот Берачи на билки од Долна Нормандија, Франција деновиве престојуваат во североисточниот регион.