Отворен саемот „Денови на медот 2015“ На Градскиот плоштад денеска беше отворена саемската манифестација “Денови на медот 2015“, на кој мед и пчелни производи изложија 13 производители од Куманово и еден од Берово.
Дваесетина кумановци дел од фото школата на „Куманово“ Дваесетина кумановци од различни возрасни група ја посетуваат фото школата која трета година по ред ја организира фото клубот „Куманово“.
Градоначалникот Дамјановски со честитка за Курбан Бајрам Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам.
Муслиманите го слават Курбан Бајрам Верниците од исламска вероисповед денеска го слават големиот празник Курбан Бајрам.
Модна ревија во Центарот за култура Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде прикажана модната ревија насловена како “Современата мода инспирирана од модните трендови на 50, 60 и 70 - те години на 20-от век“.
Општина Старо Нагоричане прогласи елементарна непогода Општината Старо Нагоричане денеска на вонредна седница на Совет, прогласи елементарна непогода.
Новинарите ја бојкотираа седницата на Совет Кумановските медиуми денеска ја бојкотираа седницата на Советот на општина Куманово, бидејќи се против воведување акредитација на новинарите кои ја следат работата на Советот.
Црвен Крст организира поетско читање Општинската организација на Црвен Крст од Куманово во понеделник организира поетско читање, за одбележување на Неделата за промоција на хумани вредности која трае од 21 до 27 септември.
Со танцување младите се вклучија во Балканска акција 2015 Деца и младинци денеска танцуваа на Градскиот плоштад со што се вклучија во Балканска акција 2015.
Кумановскиот театар со детска претстава на фестивал во Штип Театар Куманово утре со детската претстава “Пинокио“ ревијално ќе учествува на фестивалот за деца и младинци “Малиот принц“ во Штип.
„Кумановски акцијаши“ ќе чистат зад Монопол Членови на Здружението “Кумановски акцијаши“ во недела ќе чистат на улица “Страшко Арсов“ зад Монопол.
Денеска започнува есента Денеска во 10 часот и 21 минута по средноевропско време, на северната хемисфера започнува есента.
Авионска дезинсекција во Куманово Утре во утринските часови од 5 до 8 часот ќе се изврши авионска адултна дезинсекција на поплавените подрачја по течение на реките Пчиња, Крива Река, Липковка, Којнарка и Кумановска река, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Во работилницата во Старо Нагоричане изработени 24 носии Во работилницата која функционира во Старо Нагоричане досега се изработени првите 2 комплета односно 24 носии.
Шестнаесети по ред „Денови на мед“ во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово во четврток, петок и сабота ќе се одржува саемот “Денови на мед“.
Четириесет и прва седница на Совет Во кружната сала во зградата на поранешен Комитет утре со почеток во 10 часот, ќе се одржи 41-та седница на Советот на општина Куманово. На дневен ред се 58 точки, главно извештаи за работата во основните и средни училишта.