Мени

Ева Лонгорија водителка на европските МТВ награди

08.10.2010 06:29 | KumanovoNews

 Сексепилна глумица од „Очајните домаќинки„ ќе ја води 70. церемонија на европските МТВ награди, која ќе се одржи на 7 ноември во Мадрид.

Ева Лонгорија водителка на европските МТВ награди

 Домаќинка на свеченото доделување на МТВ награди ќе биде Ева Лонгорија- Паркер. Сексепилна глумица од „Очајните домаќинки„ ќе ја води 70. церемонија на европските МТВ награди, која ќе се одржи на 7 ноември во Мадрид.

Меѓу на наградените можеби ќе се најдат и бендови од регионот. Инаку гласањето за Најдобар регионален изведувач завршува на 18 октомври, а победниците од сите региони ќе се најдат на списокот за најдобри европски изведувачи.

Покрај Ева Лонгорија на сцената во Мадрид ќе се најдат и Кејти пери, Линкин Парк и други.

Повеќе сум од возбудена поради тоа што ќе бидам домаќинка. Едвај чекам да ги видам прекрасните настапи и одушевена сум што повеќе се номинирани две неворојатни жени кои прават највозбудлива поп музика- рекла Лонгорија.