11. 02. 2010 14:42

Ја понудиле Адријана Лима како стриптизета

Ја понудиле Адријана Лима како стриптизета

Бразилската манекенка и сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, Адријана Лима се најде на ТВ реклама како стриптизета за изнајмување.

Имено, компанија која изнајмува стриптизети, употребила една стара фотографија на Адријана Лима за да привлече што поголем број клиенти. Потегот на компанијата можеби и не би бил забележан да не ја пуштиле рекламата за време на финалето на маериканскиот фудбал што го следат милиони американци. Кога од компанијата сфатиле дека не побарале дозвола од манекенката, набрзина ја тргнале фотографијата од интрнет презентацијата.

Лима сеуште не реагирала на настанот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk