×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да оставите одличен прв впечаток?

    13.10.2021 07:59 | Сара Ѓорѓиоска

    Првите впечатоци се долготрајни и од круцијална важност за квалитетот на вашите интеракции. На основа на ова, навистина е фрапантно што за формулирање на толку важниот сегмент од меѓучовечките односи потребни се само седум секунди. 

    Како да оставите одличен прв впечаток?

    Би помислиле дека поради моќта која ја имаат, за формирање на првите впечатоци ќе ви е потребно многу време и деликатно размислување, но на човечкиот ум му се потребни само седум секунди за да одлучи дали личноста спроти вас го заслужува вашето внимание, потенцијалното работно место или улогата на доживотен партнер. Брзината со која се формираат првите впечатоци за некого не е производ на интуитивниот бран, туку директно се поврзува со еден вид на потсвесно размислување наречено рапидна когниција.

    „Мислам дека зборот “интуиција“ е оптоварен со премногу негативни конотации“, вели Малколм Гледвел, автор на книгата Трепни: „Моќта на размислувањето без размислување. Книгата го елаборира феноменот на рапидна когниција во однос на интуицијата“.

    Фасцинантната когнитивна способност брзо да се поминат огромни количества на површни информации и потсвеста да одлучи што е важно за паметење, без тој процес да одземе активна ментална енергија и свесно размислување, се нарекува thin-slicing, што во груб превод би значело сецкање на најситното. Овој термин произлегува од психолошките и филозофските обиди да се опише способноста за наоѓање шеми и брзо поврзување на одредени ситуации, настани или личности на основа на “тенки парчиња“ искуство.

    Гледвел објаснува дека оваа когнитивна способност е централниот дел на човечкото постоење и несвесно се случува во позадината на мозокот секогаш кога ќе запознаеме нова личност или треба брзо да протолкуваме новонастаната ситуација. Се потпираме на оваа способност бидејќи постојат огромен број на ситуации во кои внимателно разгледувајќи само еден аспект (односно едно тенко
    парче) во времетраење од една или две секунди, може да ни каже значителен квантум на податоци. На пример, нам ни е потребна секунда за да забележиме дека некој упорно гледа во подот и уште помалку време за да од виденото извлечеме заклучок дека личноста е несигурна или срамежлива.

    Кога сето ова ќе се земе предвид, станува се` појасно дека оставањето на добар прв впечаток може да ви отвори или затвори многу потенцијални врати кон успехот, па како да оставите добар прв впечаток?

    1. Бидете отворени

    Луѓето кои се отворени во комуникацијата, често користат гестикулации, ја сфаќаат важноста на невербалните комуникациски сигнали и имаат експресивни изрази на лицето се многу подопадливи од луѓето кои имаат празен поглед и е тешко да ги прочитате.

    Освен во играњето покер, во сите други животни ситуации слабата експресивност и лошиот говор на телото ќе допринесат да бидете лошо перципирани и во старт да ги ограничите вашите шанси за напредок.

    Трудете се да имате отворен став, пријатен говор на телото и чест контакт со очите за да луѓето добијат впечаток дека можат да ви веруваат.

    2. Истражувајте

    Не постои ништо полошо од тоа да се појавите на состанок неподготвени. Без разлика дали станува збор за деловен или љубовен состанок, важно е да знаете какви теми на разговор би го заинтригирале вашиот соговорник. Луѓето се природно инклинирани кон личностите со кои имаат нешто заедничко (уште познато како хипотеза за привлечност на основа на сличности), па затоа не заборавајте да истражите какви се принципите и работните преференци на вашиот нов шеф, какви се полисите на фирмата во која сакате да стажирате, како и каква музика слуша вашиот потенцијален љубовен кандидат.

    3. Слушајте

    Можеби звучи тривијално, но доколку покажете некому дека вистински сте заинтересирани за она што личноста го зборува, шансите дека ќе оставите одличен прв впечаток ви се загарантирано високи. Заедничко за целата човечка популација е тоа што сите сакаат да бидат слушнати и не го заборавајте овој факт кога се подготвувате за интервју за работа, љубовен состанок или обична средба со нов познаник. Клучот за формирање здрави меѓучовечки врски е токму во способноста активно да го слушате соговорникот. На тој начин нема да мора да вложувате натчовечки напори за квалитетна реплика, а човекот спроти вас ќе добие впечаток дека сте многу повеќе од добра личност.