15. 09. 2010 12:31

Кемал Монтено во Касапски круг

Кемал Монтено во Касапски круг

 Во "Касапски круг" утре вечер гостува босанскоит пејач и кантаутор Кемал Монтено. Концертот е закажан во 22 часот, а предвидено е да тре 2,5 часа. Монтено ќе настапи со тричлен бенд.

 Монтено на музичката сцена трае 50 години, поточно од 1960 година и има бројни награди. Негови најпознати хитови се:  „Ивана„, „Дуње и колачи“,„Кратак је сваки трен“,„Једне ноћи у децембру“ „За своју душу“, „Није хтјела“, дует сo Оливер Драгојевиќ, „Пјесма заљубљеника“, „Увијек ти“, „Љубавна бол“,„Не љуби ме тако јако“,„Вратио сам се животе“,„То је друго лице љубави“, дует со Горан Каран,„Далеко, далеко“, дует со Борис Новковиќ * „Дјевојчице“, „Није вредно сине мој“, дует со Душан Свилар и многу други.

Со оглед на неговата популарност кај жените, организаторите најавуваат одлична забава и очекуваат масовна посетеност, бидејќи во Куманово не гостувал повеќе од 15 години. Цената на билетот е 200 денари. Покрај во Куманово Монтено ќе има концерти и во Скопје и уште неколку градови.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk