29. 08. 2010 14:05

„Легенде„ го одбележа годинешниов фестивал на тамбурата

„Легенде„ го одбележа годинешниов фестивал на тамбурата

 Пејачот Иван Милинковиќ ја одушеви публиката со неговите вокални способности, а романтичните и емотивни стихови на песните „Не веруј„, „Чежња„, „Четрдесете„ , „Због тебе„ , „Не питај„ , „Несаница„ , „Данка„ од Тома Здравковиќ ја разнежниja  публиката.

Тамбураши од Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија,  учествуваа на Шестиот Меѓународен фестивал на табурашки оркестри на Градскиот плоштад во Куманово. Фестивалот оваа година го одбележаа концертите на гостите од Белград, групата „Легенде„ и пејачката Мерима Његомир. Во петок на првата фестивалска вечер по традиција настапија домаќините тамбурашките оркестри „Ѓезме„ и "Кумановски тамбураши", по што следуваше фантастичниот настап на групата „Легенде„. Пејачот Иван Милинковиќ ја одушеви публиката со неговите вокални способности, а романтичните и емотивни стихови на песните „Не веруј„, „Чежња„, „Четрдесете„,„Због тебе„, „Не питај„, „Несаница„, „Данка„ од Тома Здравковиќ ја разнежни и воодушевија публиката. На бис ја испеа македонската песна „Јано, мори„, а за крај го покани на бината својот пријател Наум Петревски, кој испеја една песна од српската група.

Првпат пејам во Куманово и нема зборови со кои може да се опише вечерашниов настап. По неколку нумери, флуидот проработи и се создаде единствена енергија со публиката. Кога луѓето ви  враќаат на убав начин со изразот на лицето, тоа е божанска енергија која може да доживее само во еден момент. Вечерва ни одеше на рака и времето за да го дадам својот максимум. Ова што ние го пееме е вистинската убава народна музика со доста поп ритам и шансоњерски ноти. Ние го задржавме стилот на вистинската македонска песна, босанскиот севдах и српската песна. Нас луѓето овде не знаат помалку отколку што заслужуваме, поради бариерите што ги имаше порано, но сега е едно друго време. Ова е само еден од низата концерти кои ќе се случуваат во Македонија - изјави Милинковиќ по концертот.

  Синоќа на втората вечер настапија оркестрите „Штипски мераклии„, „Црногорски тамбураши„ од Подгорица„ , „Петрови тамбураши„ Словенија „ , „Баротек„ Осиек и Мерима Његомир. Изостана доаѓањето на ансамблот од КУД „Иво Лола Рибар„ од Белград, поради што концертот на Његомир одеше на плеј-бек. Во живо ја отпеја само „Зајди, зајди„ на крајот на настапот.

 Проблем беше оркестарот кој два дена пред настапот го откажа своето учество, така да не успејавме се снајдеме со нов оркестар. Незгодно е само со еден клавијауриста да се пее во живо, но сепак отпејав една песна да се види дека знам да пејам. Се надевам дека тоа не го расира впечатокот на публиката - вели Његомир.

Организаторите се задоволни од манифестацијата. Началникот на Секторот за култура Жика Крстевски вели дека годинешниот фестивал ги надминал нивните очекувања.

 Задоволни сме ние и публиката. Сметам дека ова е најдоброто издание досега.Сите кои не дојоа на ови две вечери ќе имаат можност да видат што пропуштиле на одложената снимка на ТВ Сител- смета Крстевски.

Учесниците и медиумските спонзори добија благодарници од организаторот Фондацијата за култура. Покровитела на Фестивалот е локалната самоуправа Куманово, како дел од манифестацијата Кумановско културно лето.

„Легенде„ го одбележа годинешниов фестивал на тамбурата

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk