Мартин Србиновски со концерт на МТВ
17.03.2011 11:34
| KumanovoNews
Кумановецот Мартин Србиновски на 31 март во големото студио на МТВ ќе го одржи својот прв акустичен концерт.

Во придружба на акустична гитара, бас и удирачки инструменти, Мартин ќе ги испее песните од албумот ,,Одговор” и неколку теми од неговиот досега необјавен албум ,,Пурпурен ден”. Влезот за концертот е бесплатен.
Мартин е препознатлив по одличните свирки, а на овогодинешниот избор на песна за Евровизија се пласира на второто место.
К.К.