24. 08. 2010 15:56

Мексиканката Мис универзум 2010

Мексиканката Мис универзум 2010

Мексиканката Химена Наварете(22) вчера во Лас Вегас, прогласена е за Мис универзум 2010 помеѓу 83 натпреварувачки од целиот свет.

Наварете е втора мексиканка која се стекнува со титулата Мис универзум, а истакна дека е важно да се учат децата на семејни вредности.

До изборот на нова Мис следната година, Наварете ќе се занимава со борба против СИДА и карцином на дојката - изјавија организаторите

Мексиканската убавица ја наследи Венецуеланката Стефанија Фернандез(19).

Наварете освен неоткриениот паричен износ, доби луксузен апартман во Њу Јорк со платени трошоци, едногодишна стипендија на Филмската академија во Њу Јорк, злато, облека чевли....

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk